КАФЕ ПАУЗА

Облекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива мода

Облекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива мода

HOPE е бренд кој има за цел да нѐ поттикне и научи да гледаме на модата и воопшто на облеката од една друга перспектива.rnrnОблекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива модаrnrnКај нас одржливата мода е сѐ уште малку позната тема за која луѓето треба да се информираат. Филозофијата на одржливата мода се темели на производствени процеси кои се грижат за зачувување на природата и стабилноста на еко-системите. Истовремено се води грижа и за социјалната и економската стабилност на сите луѓе, чинители во процесот на производство, почнувајќи од земјоделецот кој ги одгледува влакната, преку ткајачите, дизајнерите, кројачите и шивачите.rnrnНОРЕ изработуваат облека која како главна карактеристика ги има едноставноста и комфорноста, не може да не се чувствувате убаво во дуксер изработен од нежен памук, кој е 100% органско производство, а при неговото боење не се користени токсични бои кои ги загадуваат околните води и го загрозуваат здравјето на луѓето кои го бојат материјалот, како и здравјето на оној кој го носи крајниот производ.rnrnОблекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива модаrnrnОблекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива модаrnrnОблеката уште повеќе ја облагородуваат рачните везови кои се застапени и во двете колекции.rnrnПрвата колекција наречена ENDANGERED се состои од 16 дуксери, а на секој од нив рачно е извезена претстава на животно кое спаѓа во групата на загрозени видови.rnrnОблекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива модаrnrnНа сајтот на брендот велат:rn

„Земјата доживува уште едно истребување на животни, кое најмногу се должи на човечките активности, како што се уништување на живеалиштата на животните, нивна преголема експлоатација, климатските промени и загадувањето.rnrnМодната индустрија во глобални рамки е еден од главните загадувачи на животната средина. Последиците од неа се присутни кај сите видови живот на планетава. Таа е задолжена во голема мерка за загадувањето на воздухот, водата, почвата и со тоа влијае врз сите живи суштества.rnrnКолекцијата ENDANGERED е посветена на загрозените видови животни, кои недолжни ја плаќаат цената на човековите постапки. Оние кои секојдневно се убивани или ги губат своите места за живеење, како последица на потребата за поголемо производство.“

rnКон оваа колекција додадена е и опцијата за custom orders, односно може да си нарачате дуксер по ваши мерки. Оваа можност е понудена со цел да не се создава непотребен број производи кои никогаш нема да бидат ползувани, туку сѐ што ќе биде произведено да биде искористено и долготрајно носено.rnrnОблекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива модаrnrnОблекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива модаrnrnВтората колекција пак, наречена Soul Spectrum, која неодамна беше промовирана, се состои од 9 сукњи, во кои доминантно вниманието го одвлекуваат рачните везови.rnrnИмето на колекцијата наведува кон препознавање на она што креативецот-создавачот го носи во себе како импулс, мотив, како побуда за да создава и твори, а е прикажано директно или индиректно врз самите креации.rnrnОблекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива модаrnrnОблекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива модаrnrnПоради задржување на уникатноста и единственоста на дизајните, кон оваа колекција не е додадена опцијата за custom order.rnrnНОРЕ исто така ја поддржува идејата и филозофијата за slow fashion. Во создавањето на облеката е посветено многу внимание, со цел истата да трае и да може да биде носена повеќе од една сезона.rnrnОблекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива модаrnrnОблекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива модаrnrnВо прилог на ова НОРЕ нуди уште една опција, што уште еднаш ја покажува социјалната одговорност на брендот. Станува збор за можноста парчето облека кое сте го купиле од овој бренд да го вратите назад кон брендот кога ќе одлучите дека повеќе не сакате да го носите. Вие за тоа ќе добиете одреден % на попуст при купување на ново парче облека, а пак старото, доколку е потребно ќе биде поправено и подоцна ќе биде подарено на лица кои се наоѓаат во загрозена социјална положба, односно на лица кои имаат потреба од таква помош.rnrnHOPE ни најавува во следните колекции да очекуваме да се сретнеме со други материјали преку кои се промовира заштита на животната средина, како конопот на пример, а некоја од следните колекции сигурно ќе биде изработена и од реупотребени материјали.rnrnОблекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива модаrnrnОблекувајте се во HOPE – нов бренд за етички изработена и одржлива модаrnrnHOPE со својот впечатлив и креативен израз веќе стана препознатлив и популарен бренд на социјалната мрежа Инстаграм.rnrnЗа да не пропуштите ништо што во иднина ќе следи ви препорачуваме да ги заследите нивните профили на: Instagram, Facebook, Pinterest, Twitter и LinkedIn, како и почесто да го посетувате нивниот веб-сајт www.wewearhope.com каде што може да се информирате на теми од областа на етички изработената и одржлива мода.rn