Највисоката камена кула на светот: Место на кое никој не смее да се искачи
Највисоката камена кула на светот изгледа како точка во Тасманското Море, кое е границата на Тихиот Океан помеѓу источниот брег на Австралија и островот Тасманија на запад и Нов Зеланд, Норфолк и Нова Каледонија на исток. Со своите 562 метри кои се издигнуваат од синилото, Баловата пирамида изгледа како да ги допира облаците.
Речиси е двојно поголема од Ајфеловата кула и се наоѓа на околу 700 километри североисточно од Сиднеј. Пирамидата е всушност изгаснат вулкан чиј единствен врв останал над водата, а последен пат бил активен пред седум милиони години.
Оттогаш, околу него играат птици, риби, како и други морски суштества, а тоа го привлече вниманието на морнарите, пилотите, како и алпинистите кои сонуваат да се искачат на врвот. Првиот човек за кој се знае дека ја видел оваа огромна кула бил Хенри Бал, кој ја именувал по своето име. Во 1788 година, тој поминал со бродот „Supply“ пренесувајќи доселеници во Норфолк.
Околу 20 километри од пирамидата се наоѓа островот Лорд Хоу, од кој чамците честопати се упатуваат кон Баловата пирамида за да ѝ се восхитуваат на нејзината нереална големина. Само неколку алпинисти успеале да се справат со силните бранови и да се искачат на врвот на пирамидата. Но, тоа е само почеток на искушението. Причината за тоа се кревките карпи што се уриваат во морето и претставуваат голема опасност за алпинистите, па затоа е забрането искачување по пирамидата.
Погледнете ги овие камења како јајца од диносаурус од кои произлегуваат легенди и убави фотографии.