Внесете пролетен оптимизам во вашиот дом со овие неколку совети
Со доаѓањето на подолгите денови и повисоките температури, време е да смените некои ситници во вашиот дом за да живеете поудобно. За среќа, малите промени не бараат да трошите многу пари.
1. Држете се до природното
View this post on Instagram
Големите гранки цвеќе му даваат пролетен тон на домот. Цветовите се убави и означуваат нов почеток. Тие ја подобруваат менталната енергија и носат чувство на смиреност.
2. Овошје
View this post on Instagram
Ставете голема чинија со овошје или зеленчук во средината на масата. Вашиот простор ќе изгледа убаво и ќе имате свежи производи на дофат на раката.
3. Осветлете го просторот
View this post on Instagram
Првото нешто што треба да го направите по зимата е темелно да ги исчистите прозорците. Вашиот дом ќе биде полн со природна светлина која е клучна за подобрување на атмосферата.
4. Уредете го аголот каде што работите
View this post on Instagram
Од почетокот на пандемијата, сè повеќе луѓе ги поминуваат своите денови дома. Но, малите промени би можеле да ве инспирираат и да ве мотивираат повеќе, па додајте ѝ пролетна енергија на просторијата каде што работите. За почеток, можете да додадете мали детали како ново растение, нов килим, нова шолја за кафе, нови фотографии или нов украс.
5. Промени во спалната соба
View this post on Instagram
Пролетта е идеално време за нови чаршафи, а најдобро е да изберете посветли и потопли бои.
Погледнете ги овие идеи за пролетна декорација на домот со вашите омилени цвеќиња.