25 начини да носите марама околу врат
Марамите претставуваат моден додаток кој може да се носи во секој период од годината, комбинирајќи го со секаков тип облека. Секако, треба внимателно да се бираат дезените и материјалите, а за посакуваниот ефект може да е битна и формата.
Венди од веб-сајтот Wendy’s Lookbook го има направено ова видео во кое ни покажува дури 25 различни начини за носење марама околу вратот. Најдоброто од сè е што видеото трае помалку од 5 минути, а на крајот, секој стил може да се кликне од малите квадратчиња доколку сакате да видите повеќе детали.
Колку вие сакате и практикувате да носите марами? Како најмногу сакате да ги комбинирате?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.