Технологијата е нешто одлично и е корисна во безброј случаи. Сепак, нејзиниот напредок може да има многу лош ефект на младите луѓе, од кој ефектот кој го има на децата е најопасен. Пред 10 години психологот Су Палмер рекла дека социјалните мрежи може да бидат многу лошо нешто што претставува ризик за луѓето. Изгледа дека била потполно во право. Никој не ја слушал тогаш, а денес сме соочени со издигнување на технологијата што го уништува нашето општество.rnrn
rnrnСоцијалните мрежи имаат лош ефект на сите возрасни и млади кои поминуваат многу време на нив. Постојат и некои нови ризици за децата кои се родени и кои растат сред оваа технолошка револуција. Возрасните се родени во период кога технологијата не се користела колку денес. Тие знаат како е да седите со семејството без сите да гледаат во малите екрани. Денешните деца не знаат како изгледа тоа.rnrnМожеби најлошото нешто што им го прават родителите на своите деца е тоа што им даваат таблети само за да замолчат. Су Палмер се јавува со ново предупредување. Во нејзината книга „Токсично детство“ (Toxic Childhood) таа ги истакнува опасностите за менталното и физичкото здравје на децата од претераното користење смартфони и таблети.rnrnСè повеќе и повеќе деца стануваат робови на екраните, а просечното дете поминува и до 6 часа дневно со екран пред себе. Палмер смета дека можеме само да шпекулираме за ефектот на технологијата врз децата бидејќи сè уште не знаеме како би се однесувале како возрасни.rnrnНеодамнешно истражување покажало дека 10% од децата помали од 4 години се успиваат со таблети. Друго истражување покажало дека една третина од децата под 3 години имаат сопствени таблети.rnrnКолку порано им ја претставуваме оваа технологија на децата, толку потешко им станува да живеат без неа. Животот не е за Интернетот и социјалните мрежи. Децата треба да бидат во природа и да се забавуваат. Па обидете се да го тргнете екранот од рацете на вашето дете и натерајте го да почне да си игра. Организирајте заеднички излет на отворено. Ограничете му го времето кое го поминува со таблет и смартфон за барем малку да го заштитите.rnrnЗнаевте ли дека дури и Стив Џобс не им дозволувал на своите деца да користат технолошки уреди?
На кој начин смартфоните и таблетите ги уништуваат децата?
