Чистењето на домот е нешто што го правиме секојдневно. Прашината, бактериите, влакната од нашите домашни миленичиња, непријатните мириси на тепихот или душекот за спиење… Сите овие се само дел од работите од кои треба да се ослободиме доколку сакаме да живееме и функционираме во чиста околина. Така, речете им збогум на скапите средства за чистење и прочитајте ги следниве 9 трикови кои вклучуваат само природни, едноставни, евтини и што е најважно делотворни препарати за чист и блескав дом.rnrn
rn
1. Цимет за пријатен мирис
rnНанесете неколку капки цимет на тепихот и потоа изметете го со правосмукалка. Во воздухот веднаш ќе забележите пријатен мирис. Се разбира, одлучете се ова да го направите пред да ја изметите целата кука. Овој метод е неспоредливо подобар од прскањето со најразлични хемиски средства и освежувачи на воздух, бидејќи нема да вдишувате никакви штетни хемикалии.rn
2. Пена за бричење за сјајно огледало
rnНанесете малку пена за бричење на огледалото и пребришете го со чиста крпа. Освен што ќе ги отстраните нечистотиите ќе направите и еден дополнителен слој на стаклото кој ќе го штити огледалото од замаглување додека се туширате и од греботини.rn
3. Маслиново масло за челик кој не рѓосува
rnСтавете малку маслиново масло на една чиста крпа и избришете. Потоа со делот од крпата на кој нема масло, пребришете ја површината уште еднаш за да го соберете остатокот. Тврдокорните дамки и отпечатоците од прсти веднаш ќе исчезнат.rn
4. Гумените ракавици ги собираат влакната од домашните миленици
rnСтавете обични гумени ракавици и поминете по површина на мебелот по кој се движеле вашите миленичиња и на кои се собрале влакна. Тие ќе се залепат за гумата. Потоа, исперете ги ракавиците со вода за да ги отстраните влакната. За да избегнете затнување на одводот, измијте ги ракавиците надвор или набавете хируршки ракавици кои можете да ги фрлите веднаш по чистењето.rn
5. Сода бикарбона за чиста рерна
rnПомешајте сода бикарбона со вода за да добиете густа смеса. Нанесете ја на оние делови од рерната кои сакате да ги исчистите, како на пример внатрешноста на рерната или стаклената врата, но избегнувајте да ја ставате на грејачите. Оставете ја смесата да делува преку ноќта. На овој начин, тврдокорните дамки и наслаги ќе омекнат и ќе биде многу полесно да ги отстраните и тоа само со една мокра крпа. Ако останат некои делови кои не омекнале и не можете да ги отстранете, тогаш обидете се со малку оцет кој ќе реагира со содата и ќе направи пена.rn
6. Микробрановата печка може да го дезинфицира сунѓерот за миење садови
rnНатопете го сунѓерот во мешавина од вода и лимонов сок и ставете го во микробрановата печка на една минута. Тоа ќе ги уништи сите насобрани бактерии.rn
7. Оцет за чиста славина без дамки и бигор
rnСтавете памук натопен во оцет на местата каде што се собрал бигор, а доколку имате, можете да користите и брусна хартија. Оставете оцетот да делува неколку минути и потоа избришете со вода.rn
8. Сода бикарбона за непријатната миризба од душекот
rnНанесете сода бикарбона на целиот душек, оставете да делува околу 8 часа и потоа изметете со правосмукалка. Содата ќе ги неутрализира сите непријатни мириси, а ќе уништи и неколку бактерии.rn
9. Пластичните играчки и украси исчистете ги во машината за миење садови
rnОва важи, се разбира, само за оние предмети кои не работат на батерии и електрична струја. Наредете ги во машината и измијте ги исто како да миете садови, заедно со вообичаеното средство за миење. Тие ќе бидат чисти и дезинфицирани, што е особено значајно доколку имате деца.