Како да ги негувате стапалата со помош на Листерин - средство за плакнење на устата

Како да ги негувате стапалата со помош на Листерин – средство за плакнење на устата

Многу луѓе тврдат дека Листеринот помага во отстранувањето на габичните инфекции на нозете, третирањето на сувите и испукани петици и во отстранувањето на плускавците и на лошиот мирис на стапалата. Дали е можно обичната вода за плакнење на устата да е толку ефикасна? Одговорот е да, а состојките што се наоѓаат во Листеринот се всушност тие што помагаат при овие проблеми.

Како да ги негувате стапалата со помош на Листерин - средство за плакнење на устата

  • Метил салицилатот е хемиски сличен на салицилната киселина, која се користи за правење пилинг на лицето.
  • Бензоевата киселина спречува раст на микроорганизмите.
  • Тимолот, ментолот и еукалиптолот имаат антифунгални својства и се корисни за луѓето кои имаат габични инфекции на прстите.

Средството за миење на устата помага во чистењето на стапалата и го спречува растот на микробите. Го отстранува непријатниот мирис на стапалата и создава чувство на свежина и мекост. Но, пред да посегнете по оваа течност, откријте како треба да ја користите за нега на стапалата.

Оцет и Листерин

Една чаша Листерин и половина чаша оцет (јаболков или алкохолен) се мешаат и се додаваат во сад со еден литар млака вода. Натопете ги нозете во овој раствор и оставете ги да стојат околу 30 минути. Користете турпија за да ја отстраните мртвата кожа од петиците. Измијте ги нозете и избришете ги со крпа, а потоа ставете крем за стапала.

Бикарбона сода и Листерин

Измешајте две лажици сода бикарбона со една чаша Листерин. Додајте ја оваа смеса во сад со еден литар млака вода. Потопете ги стапалата и почекајте околу 30 минути. Користете турпија и отстранете ја мртвата кожа од стапалата. Исплакнете со ладна вода и исушете ги.

Епсом сол и Листерин

Треба да турите една чаша течност Листерин во еден литар млака вода, а потоа да додадете 3/4 чаша Епсом сол во таа смеса. Ако сакате, можете да додадете и 2 капки есенцијално масло од лимон или роза. Натопете ги нозете и чувајте ги во растворот околу 30 минути. Потоа, исплакнете ги со ладна вода и избришете ги со крпа.

Прочитајте како да ги спречите најчестите проблеми со стапалата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар