КАФЕ ПАУЗА

Зошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?

Зошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?

Луѓето стареат различно, а оние со азиско потекло имаат репутација дека изгледаат помладо отколку што навистина се. Статистичките податоци покажуваат дека азиските жени имаат подобро здравје и подолг живот. На пример, речиси 1 човек на секои 1 500 луѓе во Јапонија има повеќе од 100 години, а во Кина има ниска стапка на рак на дојката. Па, која е нивната тајна?rn

1. Имаат поширока структура на коските на лицето

rnЗошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?rnrnКако што старееме, доживуваме губење на коските и меките ткива. Бидејќи Азијците имаат поширока структура на коските на средината на лицето, од образите до над вилицата, кај нив помалку се забележува загубата на мекото ткиво. Азијците имаат повеќе масти околу очите, што спречува формирање брчки околу нив. Поради тоа, кај нив не се забележува многу опуштената кожа.rn

2. Нивната кожа ги штити од сонцето

rnЗошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?rnrnРазличните бои на кожата имаат многу карактеристики што го прават процесот на стареење уникатен. Најзначајната разлика е количината на меланин во кожата. Колку повеќе имате меланин, толку поголема заштита имате и од сончевите зраци, а брчките што се појавуваат како што стареете, честопати се предизвикани од сонцето.rnrnАзијците имаат повеќе меланин во кожата и подебел дермис, што ги прави линиите на лицето помалку видливи. Количината на меланин кај Азијците се зголемува со возраста.rn

3. Тие можe да имаат повеќе „безвременски“ гени

rnЗошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?rnrnОткриени се вистинските гени кои се поврзани со долговечноста. Тие се нарекуваат гени на Метузалах и се одговорни за обнова на кожата по изложување на сончева светлина и други фактори на животната средина. Засега, истражувањето е спроведено само врз американски и афро-американски жени, а според резултатите, овие гени се наоѓаат двојно почесто кај црните жени отколку кај белите.rn

4. Нивниот животен стил придонесува за природен младешки изглед

rnЗошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?rnrnКако што е и со многу работи, начинот на стареење е комбинација на природата и негувањето. Исхраната, негата на кожата, навиките, вежбањето и многу други фактори играат огромна улога во начинот на стареење. Младешкиот изглед на Азијците може да се должи на балансираната исхрана. Во споредба со западната храна, која е нездрава и позната по тоа што здебелува, азиската кујна вклучува повеќе зеленчук, морска храна и зачини и помалку млечни производи, леб и колачи.rnrnШто се однесува до практиките за убавина, Азијците повеќе се штитат од сонцето поради различните општествени очекувања и стандарди за убавина. А, азиските производи за нега на кожата содржат многу состојки против загадување и стареење.rn

Бонус: Тие личат на бебиња

rnЗошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?rnrnПостои теорија која сугерира дека многу вообичаени азиски карактеристики на лицето, како што се тркалезното лице, високите веѓи и полните усни потсетуваат на бебиња. Значи, ефектот на „бебешко лице“ е резултат на тоа како другите луѓе ги перципираат овие карактеристики налик на дете, особено кај белите луѓе.rnrnПрочитајте како да се спречи раното стареење на сувата кожа.