Со доаѓањето на пролетта природно е да посакате да ги напуштите црните линии со тушот околу очите и тешкиот мејкап и да почнете да носите лесна прозрачна шминка. Розовата е апсолутен хит во овој период после студената зима, па не е изненадувачки што токму оваа боја била инспирација за насловната страница на јапонскиот Вог.rnrn
rnrnРозовите тонови во овој едиторијал се нанесени на нежно лице во неколку варијанти. Потемните нијанси на усните одат во комбинација со минимално нагласување на остатокот од лицето, додека слатките розови усни одлично одговараат со исто толку заруменети образи. Слободно експериментирајте со овие варијанти во следниот пролетен период.rnrn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
