Кето лазањи: Рецепт кој има 340 калории помалку од оригиналот

Кето лазањи: Рецепт кој има 340 калории помалку од оригиналот

Лазањите се многу вкусно италијанско јадење, кое се прави од истоимените тестенини – широки листови кои се покриваат со сос, месо и сирење и се печат во рерна. Поради калоричните намирници, се препорачува консумирање на ова јадење во умерени количини.

Луѓето кои ја следат кето диетата, односно консумираат мали количини на јаглехидрати, не можат да уживаат во класичните, италијански лазањи. Наместо тоа, направиле своја кето верзија, која наместо тестенини, има свежа тиква.

Не само што тиквите имаат многу помалку јаглехидрати од тестенините, туку имаат и помалку калории. Во 100 грама тиква има околу 20 калории, додека во 100 грама лазања има 360 калории.

Кето лазањи: Рецепт кој има 340 калории помалку од оригиналот

Потребни состојки:

  • 800 гр мелено месо
  • 700 милилитри доматен сос
  • 450 гр свежи тиквички
  • 400 гр рикота
  • 300 гр рендана моцарела
  • 90 гр рендан пармезан
  • 1 јајце
  • сол и бибер по желба
  • свеж босилек

Начин на подготовка:

1. Добро измијте ги тиквичките и исечете ги тенко по должина. Посолете ги и оставете ги така 15 минути, за да се извлече целата вода од зеленчукот. Потоа, исушете ги исечканите тиквички на хартиена салфетка или крпа.

2. За тоа време направете го сосот со месо: во тава пржете го меленото месо. Потоа, додајте го доматниот сос, ставете сол и бибер и пржете неколку минути.

3. Во чинија измешајте ги јајцето, пармезанот и рикотата. Ставете сол и бибер по желба.

4. На дното на огноотпорен сад ставете малку од сосот со месо. Врз него ставете тиквички за да ја покријат целата површина.

5. Врз тиквичките ставете пола од останатиот сос со месо и пола од смесата со сирење.

6. Врз смесата со сирење ставете ги останатите тиквички, сосот со месо и остатокот од смесата со сирење.

7. Одозгора посипете рендана моцарела.

8. Покријте со фолија и ставете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути. Кога ќе поминат 40 минути, тргнете ја фолијата и печете уште 10 минути.

9. Украсете со свежи листови босилек и послужете. Добар апетит!

Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за печено сирење со кељ и леблебија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар