КАФЕ ПАУЗА

Неверојатни приказни на 7 супермајки

Способноста за раѓање деца е вистински дар и благослов за жените. Позната е изреката „Нема ништо посилно од љубовта на мајката,“ и тоа навистина е точно. Но, некои не можат да ја разберат болката и препреките низ кои поминале мајките за своите деца. Погледнете ги овие неверојатни приказни за жени кои дале сè за своето дете.rn

1. Децата на оваа жена имаат разлика од 40 години

rn(1)neverojatni-prikazni-na-7-super-majki-kafepauza.mkrnrnЕлизабет Ан Батл забременила прв пат кога имала 19 години, а втор пат кога имала 59 години. Таа го држи рекордот за најдолго време помеѓу две бремености. Вториот пат оплодувањето било по пат на ин витро, а таа дури лажела за својата возраст за да ѝ ја одобрат бременоста. Со раѓање бебе на 60 години, таа е навистина храбра.rn

2. Ништо не ја спречило оваа жена да има деца

rn(2)neverojatni-prikazni-na-7-super-majki-kafepauza.mkrnrnСтејси Хералд можеби е висока само 60 сантиметри, но ова не ја спречило да стане мајка на 3 деца. Нејзините доктори ѝ кажале дека за неа е навистина ризично да раѓа, но таа планира да го проширува нејзиното семејство.rn

3. Мажот кој решил да забремени

rn(3)neverojatni-prikazni-na-7-super-majki-kafepauza.mkrnrnОвој маж го направил невозможното, и тој сега е мајка. Томас Бити е транссексуалец кој бил роден како жена. Имајќи женски репродуктивни органи, тој успеал да забремени и неговото бебе е вистинско медицинско чудо.rn

4. Храброста на една мајка

rn(4)neverojatni-prikazni-na-7-super-majki-kafepauza.mkrnrnМајките мора да размислуваат брзо со цел да ги заштитат своите деца по секоја цена. Каролина Чиринца била „заглавена“ на дрво кога била во 9-тиот месец од бременоста. Причината за ова била големата поплава во нејзиниот град. Но таа воопшто не паничела, туку се породила на самото дрво! Денес и Каролина и нејзината ќерка се живи и здрави.rn

5. Мајката на 8 деца

rnrnrnНатали Сулеман родила 8 деца наеднаш во 2008 година, а ова ја направило мајка на вкупно 14 деца. Таа добила многу внимание од медиумите и го поттикнала прашањето за неетичкото користење на третманите за плодност.rn

6. Годините се само број

rn(6)neverojatni-prikazni-na-7-super-majki-kafepauza.mkrnrnРахо Деви Логан го родила своето прво дете кога имала 69 години. Ова ја прави најстарата „нова“ мајка во светот. Својата долговечност ѝ ја припишува на нејзината ќерка, и смета дека мајчинството навистина го подобрува животот.rn

7. Мајчината љубов не знае за граници

rn(7)neverojatni-prikazni-na-7-super-majki-kafepauza.mkrnrnКерол Хорлок родила 13 деца. Интересно е што ниту едно од нив не е нејзино. Таа била сурогат мајка за 13 жени, и нејзината желба да им помогне е вистински акт на дарежливост и љубов.rnrnПогледнете ги и најдобрите животни совети од нашите мајки.