Рецепт за бургери со моркови и грав

Рецепт за бургери со моркови и грав

Многу вкусни, свежи и лесни за подготовка. Овие бургери можете да ги јадете за ручек или вечера.

Рецепт за бургери со моркови и грав

Потребни состојки:

  • 400 гр моркови
  • 200 гр грав од конзерва или веќе сварен
  • лук по вкус
  • 1 лажица брашно
  • лебни трошки
  • сол и бибер по вкус
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Изрендајте ги морковите, додајте го гравот и блендирајте.
  2. Потоа, додајте ги лукот, солта и биберот. Блендирајте.
  3. Направете бургери и ставете го секој бургер во лебните трошки.
  4. Потоа, пржете ги во масло или печете ги во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 10 минути.

Можеби ќе сакате да ги пробате и овие вегански бургери од наут и тиква.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар