Одлично место за одмор: Мини куќа во бродски контејнер
Бродските контејнери се неопходен дел од меѓународната трговија и транспорт на стоки од далечни дестинации како што е Кина. Но, овие метални монументални кутии може да се користат и за одмор. Или, барем тоа го стори Рајан од Охајо.
Тој го преобрази контејнерот во симпатична мини куќа сместена во зеленило и изолирана далеку од другите луѓе во градот. Куќата има спална соба и минијатурна дневна соба. И покрај тесниот простор, има бања со када и туш и добро опремена кујна. Пред куќата има тераса со простор за уживање во мир и тишина, скара на отворено, но и џакузи за тотално опуштање. Контејнерот се изнајмува преку онлајн-платформата Airbnb по цена од околу 8 000 денари за една ноќ.
Погледнете ги овие слатки минијатурни кактуси што веднаш ќе посакате да ги имате во вашиот дом.