Поранешниот пејач и член на групата „One Direction“, Лиjам Пејн, по две години обид да го продадат својот прекрасен имот во Санта Моника, конечно успеа во тоа. Иако понуди луксузен комплекс, куќата имаше лоша репутација, за која и самиот изјави дека е мистична и дека во неа се случуваат чудни работи.rnrn
rnrnСпоред странските медиуми, тој го продал комплексот за повеќе од 10 милиони долари, кој вклучува полиња лозје, просторија за медитација, библиотека… И покрај сето тоа, она што сигурно не му помогна во продажбата се гласините дека живее во опседната куќа!rnrnТој уште во 2017 година изјави дека непозната жена ѝ пришла на неговата девојка на улица за да ја предупреди дека духот на претходниот сопственик сè уште го прогонува имотот. Tој живееше на овој имот со неговата поранешна партнерка Шерил Кол, додека таа беше бремена и го чекаше нивниот син.rnrnЛијам вели дека Шерил не сакала да останува сама во просторијата горе. Исто така, тој споделува дека бил сведок на случка кога светлата се палат и се гасат среде ноќ и имало ужасни моменти кога водата од чешмата почнувала да тече сама.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте за овој затвор во Медитеранот од кој никој досега не успеал да избега.
Познат пејач успеа да го продаде својот луксузен имот каде што се случувале чудни работи
