Секојдневно слушаме совети кои одлично звучат во теорија, но во пракса работите се малку поинакви. Можеби и вие некогаш сте ги дале истите мислејќи дека ќе помогнете. Во реалноста истите совети не можат да се применат кај секого, бидејќи иако можеби се работи за истата ситуација, околностите се секогаш различни. Ова се 7-те професионални совети што никогаш не треба да ги земате здраво за готово, бидејќи можат да ви донесат повеќе штета отколку корист…rnrn
rn
1. „Ако сте ја изгубиле страста за вашата работа, променете ја“
rnДоколку одењето на работа ви претставува мачење, нормално дека треба да размислите за промена. Но, навистина е тешко да се најде работа што би ви била интересна и би ви претставувала задоволство. Особено тешко е да се најде работна позиција што постојано ќе ви поставува нови предизвици и не би ви станала монотона. Доколку не сте задоволни од вашата моментална работа, пред да дадете отказ, обидете се прво да најдете ново хоби што ќе ви го направи животот повозбудлив и поинтересен.rn
2. „Не сте доволно платени за да го правите тоа“
rnЗборот „доволно“ има различно значење за секој човек. Пред да почнете да се однесувате како да не сте доволно платени за тоа што го правите, размислете како би можеле да напредувате на тоа работно место и кои вештини и знаења ги поседувате. Дали сте премалку платени објективно или субјективно? Размислете добро и разгледајте ја ситуацијата од секој можен агол, пред да решите дека треба да ја напуштите работата.rn
3. „Контактите со луѓето се најважни“
rnВрските со луѓето се важни, но само ако се работи за вистинските личности. Мрежата на познанства сама по себе нема големо значење. Во овој случај поважен е квалитетот на остварените пријателства, отколку бројот на познајници.rn
4. „Сигурно ќе успеете со завршен факултет“
rnДипломата не е гаранција за успех во животот. Потребни се многу други карактеристики како што се амбиција, трудољубивост, вештини и знаење. Доколку завршите факултет што не ве интересира само колку да имате диплома, веројатно наскоро ќе почнете да зборувате дека образованието е бесмислено и неисплатливо.rnrn
rn
5. „Успешните луѓе прават повеќе работи истовремено“
rnМодерната технологија дава можност да извршувате повеќе работи одеднаш, но прашање е дали ќе успеете квалитетно да ги завршите обврските. Имајте на ум дека ќе постигнувате подобри и повпечатливи резултати доколку максимално се посветите на секоја ваша работна задача.rn
6. „Мора да се почне од некаде“
rnСигурно сте го слушнале овој совет повеќе пати. Доколку не сте можеле да најдете работа подолго време, сигурно ви кажале дека најважно е да почнете од некаде. Меѓутоа, ако не постои можност за напредок во работата, веројатно станува збор за губење време. Не плашете се од промени и обидете се да најдете работа што ќе ви одговара.rn
7. „Честите промени на работното место изгледаат лошо во вашето CV“
rnДоколку за една година имате променето две или три работи, можеби ќе оставите впечаток на непостојана личност, но тоа не значи дека треба да останете на работно место што не ве прави среќни. Експертите се согласуваат дека периодот од година дена е доволен за да сфатите што се очекува од вас и дали работата ви одговара.