5 сигурни начини како да ја уништите здравата салата

5 сигурни начини како да ја уништите здравата салата

Салатата е совршено здрав оброк и звучи како многу здрава опција во која било форма, освен кога ќе ja уништите. Дури и кога целиот ваш оброк е салата, таа мора да содржи најмногу зеленчук. Бидете претпазливи со секој вид додаток, бидејќи лесно можете да ја направите многу калорична. Во продолжение погледнете како ја уништувате здравата салата.

5 сигурни начини како да ја уништите здравата салата

Премногу масло

Салатите од зелен зеленчук може да бидат невкусни ако не им додадете неколку капки масло. Но, најголемата грешка е прекумерното додавање масло. Измерете на лажица и нека биде една.

Премногу сирење

Сирењето во салатата е одлична состојка, но важна е количината. Ако ставите коцки фета сирење, кое е мрсно и калорично, тогаш внимавајте да не претерате.

Премногу кубети

Коцките препечен леб им даваат на салатите поголема хранливост, но во нив има многу калории, па затоа бидете внимателни. Ако ги ставате поради тоа што се крцкави, не заборавајте дека и неколку ореви или бадеми ќе го дадат истиот ефект.

Премногу протеини

Ако додадете парчиња месо или варени јајца во салатата, добивате целосен оброк. Но, внимавајте да нема повеќе месо од салата и месото да е варено, а не пржено.

Премногу прелив

Готовите преливи навистина можат да го подобрат вкусот на салатата, но тие се многу калорични и често се полни со штетни адитиви. Сокот од лимон или лимета е секогаш најздравиот прелив, а исто така дава и одличен вкус.

Прочитајте кое растение е најздравата и највкусната веганска алтернатива на рибите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар