Земја во Европа за која малкумина слушнале и која ја нема на картата

Земја во Европа за која малкумина слушнале и која ја нема на картата

Само неколку луѓе слушнале за земјата помеѓу Кавказ и Црното Море, а причината е што таа не е на картата. Поранешната автономна советска социјалистичка република во границите на Грузија прогласи независност во 1992 година и беше признаена од Русија, Никарагва, Венецуела и Науру, како и od Јужна Осетија и Приднестровје.

Земја во Европа за која малкумина слушнале и која ја нема на картата

Меѓународните организации како ООН, Европската комисија, ОБСЕ, НАТО, Светската трговска организација, Советот на Европа и повеќето суверени држави ја признаваат Абхазија како дел од Грузија и го поддржуваат нејзиниот територијален интегритет. Главен град на Абхазија е Сухуми, крајбрежен град сместен на источниот брег на Црното Море. Во времето на поранешниот Советски сојуз, Абхазија беше омилено летно одморалиште на љубителите на прекрасната природа, а исто така вреди да се посети и Сухуми. Остатоци од римски sидови, тврдини и замоци, како и мостот Беслетски од 12 век и познатата ботаничка градина со повеќе од 5.000 видови растенија од 1840 година, се само некои од атракциите на тој град.

На околу 70 километри од Сухуми се наоѓа планинското езеро Рика. Освен што е сцена за паметење сама по себе, возењето до неа преку Кавказ е вистински спектакл. Со поглед кон густите шуми и водопади, туристите доаѓаат со автомобил или автобус до 950 метри надморска височина каде што се наоѓа езерото, опкружено со планини кои се издигаат до 3.500 метри. Таму, Сталин имаше и една од своите летни куќи покрај езерото.

Земја во Европа за која малкумина слушнале и која ја нема на картата

Земја во Европа за која малкумина слушнале и која ја нема на картата

Земја во Европа за која малкумина слушнале и која ја нема на картата

Земја во Европа за која малкумина слушнале и која ја нема на картата

Земја во Европа за која малкумина слушнале и која ја нема на картата

Прочитајте и за овој морничав град полн со стари монети од кој никој не смеел да излезе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар