Претходно
Лесен и брз рецепт за овошни мафини без брашно
Овие мафини се одлични за бебиња и мали деца и се навистина здрав појадок или ужинка. Возрасните исто така ќе ги обожаваат бидејќи се многу вкусни и лесни за подготовка.
Потребни состојки:
- 2 банани
- 4 јајца
- 100 гр малини, боровинки, јагоди
- кокосово масло или путер за подмачкување
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 190 Целзиусови степени.
- Пасирајте ги зрелите банани.
- Додајте ги јајцата и мешајте додека не се соединат целосно.
- Подмачкајте еден мини плех за мафини со кокосово масло или путер.
- Додајте 2-3 бобинки.
- Пополнете веднаш со смесата.
- Печете 15 минути.
- Оставете да се изладат неколку минути и потоа внимателно извадете ги со нож.
Погледнете го и овој рецепт за вкусни бомбици кои ќе ги воодушеват сите чокохоличари.