Не можете да се концентрирате и не ги исполнувате своите обврски навреме? Решете го тоа со помош на оваа техника

Не можете да се концентрирате и не ги исполнувате своите обврски навреме? Решете го тоа со помош на оваа техника

Кога станува збор за продуктивноста што води до добро завршена работа, најважни се добрата организација и фокусот.

Не можете да се концентрирате и не ги исполнувате своите обврски навреме? Решете го тоа со помош на оваа техника

Но, концентрацијата станува нестабилна поради многу причини. Понекогаш е тешко да се навикнете на нов начин на работа (на пример, да работите од дома за време на пандемијата), понекогаш имате премногу работа, а понекогаш недостатокот на концентрација едноставно се должи на стрес или е поврзан со некои ментални проблеми. Но, без оглед на причината што стои зад тоа, треба да знаете дека секогаш постои решение и дека доаѓа во различни форми за различни луѓе.

Една од овие форми е техниката Помодоро, осмислена кон крајот на осумдесеттите години од страна на италијанскиот студент Франческо Сирило. Неговата цел била да стекне колку што е можно повеќе концентрација за учење, а за тоа му помогнал кујнски мерач на време во форма на домат (италијански: pomodoro), по што техниката го добила своето име. Откако оваа техника го сменила неговиот начин на учење и ефективност, Сирило решил да напише книга за сè што научил, а неговата техника денес се користи низ целиот свет за да се постигнат подобра организација и подобри резултати.

Како изгледа техниката Помодоро?

Првиот чекор е да изберете одредена задача. Тоа може да биде преуредување на плакарот, ослободување од предметите што не ви се потребни, готвење или учење за испит. Откако ќе изберете задача, ќе го навиeте тајмерот на 25 минути и во тој период ќе можете непрекинато да го правите тоа што треба. Значи, без телефон, проверка на е-пошта и социјални мрежи, прекини за краток оброк или правење чај. Кога ќе поминат 25 минути, направете пауза од 5 минути, истегнете се, танцувајте на вашата омилена песна, прошетајте или правете нешто друго што ве релаксира.

Потоа, следуваат уште 25 минути, а кога ќе направите 4 повторувања од 25 минути, ќе имате пауза од 20 до 30 минути. Клучот за сето ова е да останете во фокусот, целосно сконцентрирани на задачата што ја извршувате и да исклучите какво било потенцијално одвлекување на вниманието, како што се Интернетот, звукот на мобилниот телефон, известувањата и слично. Сè што ви треба за техниката Помодоро е бројач на време, пенкало и хартија на која ќе запишете колку кругови сте направиле за да знаете колку време ви треба за одредена задача.

Прочитајте кои се вистинските причини за вашите проблеми со концентрацијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар