Некогаш е тешко да останете тренди кога температурите се застрашувачко ниски. Но нема причина да не се чувствувате удобно и модерно без оглед на ладното време. Трикот е во зимските аксесоари и топлите џемпери. Ова се 4 предлог-комбинации, задолжителни за девојките кои сакаат да бидат модерни и да се чувствуваат удобно на ниски температури.rn
Тренди и карирано
rnНа ниски температури задолжително започнете со дебели хулахопки. Потоа одберете ја вашата омилена кошула, тесни фармерки и макси џемпер. Топлиот капут и удобните обувки се задолжителни, а изгледот „зачинете“ го со плетена лента за на глава, дебел шал и ракавици.rnrn
rnrn
Топло и женствено
rnЗапочнете со кремасти панталони и туника на риги, и секако доколку е многу ладно одберете дебели хулахопки. Долга зимска јакна со каиш кој го истакнува струкот и чевли со крзно, ќе му дадат женственост на овој навидум обичен и секојдневен изглед. Секако, ракавиците и капата се задолжителни аксесоари.rnrn
rnrn
Смели на ниски температури
rnНикој не ви забранува да ги покажете нозете кога времето е ладно, само прво осигурете се дека сте одбрале доволно топли хулахопки или хеланки. Потоа одберете долга туника или џемпер под кој можете да облечете обична блуза за да ви биде потопло. Долга црна јакна, може и кожна, и црни високи чевли се одличен избор за овој изглед, кој може да го надополните со плетен шал и зимска капа со некаков принт за да разбиете монотонија.rnrn
rnrn
Снежно и слатко
rnОвој изглед е совршен за на снег. Повторно започнете со дебели хулахопки и едноставни фармерки, потоа одберете бела кошула и џемперче со интересен принт. Завршете го изгледот со долга јакна со крзно, високи чизми и плетена капа, кои кажуваат дека кул девојката е подготвена да чекори по снегот.rnrn
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.