10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домот
Безвременска, чиста и издржлива – сивата е една од боите што луѓето најчесто ја избираат за уредување на ентериерот, а ако сакате да внесете друга посилна боја во вашиот дом, виолетовата би можела да биде совршен избор. Замислете сив ѕид и виолетов тросед – изгледа како одлична комбинација.
Сивата боја симболизира сигурност, софистицираност, мудрост, зрелост и женска сила. Оваа боја е одлична за комбинирање со светли бои во ентериерот бидејќи ги истакнува, но ја омекнува нивната цврстина и ги неутрализира. Сивата боја што преминува во сребрена е идеална за уредување на сите простории.
Виолетовата боја ги симболизира правдата и достоинството, а со текот на годините стана симбол и за родовата еднаквост и за силата на жените. Исто така, таа се поврзува со борбата за право на глас на жените во Велика Британија на почетокот на 20-тиот век. Нејзините потемни нијанси се многу впечатливи и енергични, а посветлите смируваат.
Во продолжение можете да погледнете колку добро изгледа комбинацијата на виолетова и сива боја кога станува збор за дизајнот на ентериерот. Една од идеите може да биде виолетов тросед со сиви завеси или со сив ѕид, а ако не сте подготвени за поголеми парчиња мебел во виолетова боја, прво поиграјте си со деталите и комбинирајте, како на пример, сиво ќебе и виолетови перници.
Прочитајте како да го освежите ентериерот со декоративни перници.