Направивте снешко оваа година? Епа некој направил џиновска желка висока 3,5 метри. Остин, Конор и Тревор Брац се тројца браќа од Минесота кои дефинитивно знаат како да му се радуваат на снегот. Тие секоја година во нивните дворови со здружени сили прават големи фигури од снег.rnrn
rnrnТие објаснуваат дека фигурите ги прават така што натрупуваат голема количина снег на еден куп, а потоа ја формираат саканата фигура. Ни најмалку не е едноставно бидејќи на една фигура работат со недели. На пример, за овогодишната желка им биле потребни цели 300 часа!rnrn
rnrnВо рок од 4 години овие момчиња создале повеќе снежни фигури кои се навистина забавни. Она што е навистина кул е тоа што може да видите колку момчињата пораснале на секоја од фотографиите.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.






