КАФЕ ПАУЗА

Неделен хороскоп од 23 до 29 мај: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта и кариерата?

Неделен хороскоп од 23 до 29 мај: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта и кариерата?

Не пропуштајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!rnrnНеделен хороскоп од 23 до 29 мај: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта и кариерата?rn

Овен

rnПозитивни мисли, чувство за хумор и весело расположение ќе ве следат овие денови. Сепак, будно внимавајте на сè што се случува околу вас. Што се однесува до работата, конечно ќе завршите со досегашните обврски и ќе можете да свртите нов лист.rn

Бик

rnПоголемиот дел од слободното време ќе го поминувате во сосема обични активности уживајќи во нечија наклонетост. Ќе ги цените малите нешта без да се надевате и очекувате нешто повеќе. На работа колегите ќе почнат повеќе да го ценат вашето знаење и да ве прашуваат за совет. Не кријте ги вашите способности и слободно споделете ги идеите со другите.rn

Близнаци

rnВо поглед на љубовта, ќе бидете измачувани од напади на љубомора и фрустрации, а тоа особено ќе го почувствуваат оние кои се во врска. Од друга страна, ќе бидете подготвени да им помогнете на другите и да го примените своето знаење во пракса. Малите недоразбирања во комуникацијата со другите, пак, ќе бидат привремени.rn

Рак

rnОние од вас кои се во врска ќе направат сè за да ги подобрат односите со партнерот, а оние кои се слободни почесто ќе излегуваат и ќе запознаваат нови луѓе. Во однос на кариерата, она што веќе завршило, завршило. Сега е време да се фокусирате на она што тукушто почнува.rn

Лав

rnПартнерот ќе ви покаже како подобро да ги искажете своите емоции. Применете ги оние совети за кои верувате дека сте добри. На работа ве очекуваат нови предизвици кои ќе бараат внимателен и паметен пристап. Ве очекуваат и нови обврски кои ќе треба да ги сработите заедно со колегите, а тоа ќе значи и дека ќе бидете принудени да ги прифаќате туѓите компромиси.rn

Девица

rnДоколку сте во долгогодишна врска ќе имате потреба од дружба и нови активности со нови луѓе. На вашиот партнер тоа нема секогаш да му се допаѓа, затоа обидете се да му ја објасните вашата потреба за дружење со другите. Доколку не сте во врска, многу брзо ќе запознаете нови луѓе. Што се однесува до бизнисот и кариерата, вашите способности и знаења ќе играат голема улога во следниот период. Благодарение на нив ќе можете да ги донесете вистинските одлуки.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn