„Virgin River“: Серија што ќе ја обожаваат љубителите на романтичните комедии
Иако се појави на екраните пред една година, оваа романтична комедија стана популарнa во последните неколку месеци.
Станува збор за драматична романтична серија базирана на роман од авторот Робин Кар. Приказната е многу класична, малку предвидлива, но со доза шарм и целата приказна се врти околу Мелинда Монро која се пријавила за работа како медицински техничар во малото гратче Вирџин во Калифорнија, планирајќи да сврти нова страница во својот живот и да ги остави болните спомени зад себе. Но, како што обично се случува, од проблемот не може да се избега толку брзо. Приказната се врти околу Мелинда и Џак Шеридан кој е сопственик на бар во овој мал град.
Прочитајте ги и овие 6 причини зошто новата ТВ серија „Lupin“ треба веднаш да ја изгледате.