КАФЕ ПАУЗА

14 видови девојки со кои момците не сакаат да излегуваат на љубовни состаноци

Девојки со кои момците не сакаат да се гледаат

Познато е дека момците не се многу пребирливи кога станува збор за изборот на девојка во периоди кога се чувствуваат особено осамени и несигурни во себе или веднаш по прекинот на подолга врска. Во вакви моменти тие не обрнуваат внимание на многу работи и важно им е само да имаат некого покрај себе. Во очајни времиња треба да се преземат очајни мерки, се согласувате? Сепак, дури и најочајните момци гледаат да ги избегнат следниве неколку типа девојки…rnrnДевојки со кои момците не сакаат да се гледаатrn

1. Девојката која постојано дреме на телефон

rnДоколку сте се согласиле да излезете со некое момче, претпоставката е дека ви се допаѓа и на состанокот се очекува да му посветите целосно внимание. Зошто играте игри на телефонот и проверувате Фејсбук цело време?rn

2. Хроничниот селфи манијак

rnУбаво е да се зачувуваат сеќавањата во форма на фотографии, па затоа дури и момците сакаат одвреме-навреме да направат по некое селфи за на Инстаграм. Но, дефинитивно не сакаат да мораат да застанат 10 пати за вие да го направите совршеното селфи. Истото важи и за оние што го влечкаат селфи стапот насекаде со нив.rn

3. Девојката која „живеела“ во Италија три месеца на размена за студенти

rnТоа не е „живеење“ во Италија. Како можете за само три месеци да станете експерт за италијанската храна и култура? Престанете да ја критикувате сета храна во новиот италијански ресторан. Освен ако не сте станале легален граѓанин на Италија, не сте живееле таму.rn

4. Девојката која постојано вели: „Не можеме да продолжиме вака“

rnНа сите ни се случило да имаме барем една врска во животот која од некоја причина била забранета, нездрава или се засновала само на секс. Една таква врска е сосема доволно! На момците им е смачено од тоа да ве слушаат како велите: „Леле, не можеме веќе да го правиме ова“ секој пат кога ќе се „сплеткате“ и потоа цела недела ги одбегнувате и не сакате да разговарате.rn

5. Девојката која ги менува животните планови на секои 7 месеци

rnМногу млади луѓе кои се во своите 20-ти сè уште не знаат што да прават со животот и тоа е во ред. Со тек на време секој ќе ја открие својата животна цел. Но, да се биде со некој кој одеднаш решава да се пресели на другиот крај од земјата, да смени кариера, па да се врати назад, да оди на патување низ Јужна Америка на 6 месеци, да се всели пак назад кај родителите, да почне нов факултет а само што не го завршил претходниот, да се отпише и да оди пак на патување, овој пат во Азија, навистина исцрпува! Сигурно се изморивте само од тоа што ја прочитавте реченицава!rn

6. Девојката која наводно купува нов телефон секој месец и одеднаш исчезнува

rnНемојте да лажете. Едноставно кажете им ја вистината дека не сте толку заинтересирани во моментов.rn

7. Девојката која мисли дека си нашла личен фотограф

rnТоа е дури и полошо од девојката која е опседната со правење селфи. Никој не сака да биде третиран како да е папараци чија единствена цел е да фати на камера колку неверојатно изгледате потпрени на ѕид со замислен поглед во страна (божем спонтано, нели…).rn

8. Девојката која веднаш сака да ја дефинира врската

rnСамо што разменивте броеви. Не можете уште на првиот состанок (па дури ни на следните десет) да прашувате „На што сме?“.rn

9. Девојката која одеднаш станува заинтересирана кога момчето си нашло некоја друга

rnОва е всушност навистина честа појава. Да, во човечката природа е кога се ќе изгуби нешто да се сфати неговата вредност. И да, точно е тоа дека она што го немаме секогаш изгледа попривлечно. Но, навистина не е фер да си играте со туѓите чувства на ваков начин.rn

10. Девојката која мисли дека мал сегмент од нејзиниот живот го дефинира целиот нејзин идентитет

rnСупер е што сте горди на тоа што не јадете месо и ги сакате животните, но никој не е заинтересиран да слуша со часови за тоа кои се здравствените придобивки од тоа да се биде веган.rn

11. Девојката која постојано праќа пораки

rnСпротивно од општото верување, мажите не се толку лоши кога станува збор за комуникација, само што не сакаат да го прават тоа многу често. Без разлика колку пати ќе ги прашате: „Што правеше денес?“, одговорот ќе си остане: „Ништо посебно“.rn

12. Девојката која се срами да кажи дека се запознале на Фејсбук

rnОва не е 2002 година. На никој нема да му биде гајле дали сте се запознале преку Фејсбук, Инстаграм или која било друга социјална мрежа. Не морате да трошите време во измислување некоја екстра романтична приказна која мислите дека сите ќе ги остави без зборови. На луѓето навистина не им е грижа за тоа како сте се запознале.rn

13. Девојката која бара некој со кој би можела да го изневери својот партнер

rnВашите фрустрации и незадоволства треба да си ги решите со вашиот партнер. Немојте да вмешувате уште едно лице во целава веќе комплицирана ситуација. На момците им е доволно тешко да најдат потенцијална девојка, не им отежнувајте уште повеќе со тоа што ќе ги ставате во непријатни ситуации да треба да се кријат или да бегаат од вашиот партнер. Можеби на почетокот ќе изгледа возбудливо, но тоа брзо преминува во стресно и напорно.rn

14. Девојката со лажен Фејсбук профил

rnНемојте да ставате фотографии на Фејсбук кои не личат на вас. Заборавете на Фотошоп и на разголените фотографии. Бидете што е можно поприродни, бидејќи во спротивно големи се шансите дека ќе го разочарате момчето и тој нема да може да дочека да побегне од вас што е можно побргу.