Зошто се гледате себеси поинаку од тоа што ве гледаат другите?
Не секој изгледа исто во реалниот живот како што изгледа на фотографиите, а луѓето што комуницирале само онлајн со некоја личност пред првиот состанок најмногу се соочиле со оваа вистина. Всушност, многу луѓето го споделуваат своето искуство за запознавање на сосема поинаква личност од она што го покажува на својот профил. Ова често нема никаква врска со фотошоп, туку со други фактори кои влијаат на начинот на кој мислиме дека изгледаме и на тоа како нè гледаат другите. Во продолжение прочитајте зошто изгледате поинаку во очите на другите луѓе.
1. Огледалото не го покажува вашиот вистински одраз
Кога ќе се погледнете во огледало, кого гледате? Не ја гледате личноста што ја гледаат другите луѓе бидејќи вашиот одраз во огледалото е обратен од вашиот мозок. Ако ја подигнете левата рака, лицето во огледалото ја крева десната рака. Од начинот на кој имате патец на косата до начинот на кој се смееме, вашите лица не се симетрични. Сликата што ја гледате како ве гледа од огледалото не е лицето што му го покажувате на светот – лево и десно се обратни.
2. Филтрите за фотографии а аглите можат да го претстават вашиот изглед поинаку
Искусните фотографи велат дека фотоапаратот честопати го нарушува изгледот и може да го смени или на подобро или на полошо (како кога правите селфи). Човечкиот мозок работи како Фотошоп. Нашите очи (со помош на нашиот мозок) автоматски се приспособуваат на темнината и на осветленоста.
Но, фотоапаратите не се толку фасцинантни затоа што можат да се приспособат за да се фокусираат на осветлувањето или на сенките, но никогаш и на двете одеднаш. Ова е причината зошто фотоапаратот никогаш нема да може да го „види“ вашиот вистински изглед и да го рефлектира онака како што тоа го прават очите на другите луѓе.
Нашите очи ги „пресекуваат“ непотребните детали додека гледаме некоја личност во реалноста и затоа луѓето околу нас нè гледаат на подетален начин, додека нашата слика на фотографијата се менува со деталите што се наоѓаат на фотографијата. Токму поради овие детали вашите слики може да изгледаат неубаво, дури и ако сте убави во реалниот живот.
3. Зависи и од тоа како другите луѓе се гледаат себеси
Едно неодамнешно истражување откри дека непривлечните луѓе ја преценуваат својата привлечност кога ќе се споредат со странци. Од друга страна, пак, привлечните луѓе обично не се свесни за својот физички шарм и го потценуваат.
Друг факт е дека привлечните луѓе се споредуваат со други привлечни луѓе, а непривлечните луѓе ја црпат својата самодоверба од непривлечни луѓе. Тоа значи луѓето околу вас може да влијаат на вашата визија за вас самите поради начинот на кој го споредувате вашиот изглед со нивниот.
4. Се споредувате себеси неправедно
И покрај тоа што споредувањето може да биде природен нагон, во некои случаи тоа предизвикува зголемување на самодовербата и на мотивацијата, а во други воопшто не ви помага. Споредувањето со себе значи дека се борите со несигурности кои можат да ви дадат поинаква слика за вашиот изглед или живот.
5. Стравот може да ја замагли вашата перцепција
Стравот може да ја засили перцепцијата. Анксиозноста може да ги потенцира вашите несигурности и да ги зголеми, така што ќе изгледате како да барате закани за вашиот изглед. На пример, ако се плашите дека почнуваат да ви се појавуваат брчки дури и ако сте млади, веројатно ќе ги забележите кога ќе се погледнете во огледало.
6. Промените во вашиот животен стил може да влијаат на начинот на кој се гледате себеси
Промените во расположението, недостатокот на сон, нерамнотежата на хормони, лошата исхрана и други ментални и физички промени или услови може да влијаат на вашата перцепција за себе. На пример, кога се чувствувате уморни, веројатно не се насмевнувате и ова значи дека ви недостасува страст. Бидејќи луѓето се како огледала и го рефлектираат она што го покажувате, нема да бидете препознаени како што се гледате себеси.
Прочитајте кои детали во вашиот изглед може да откријат сè за вас.