Оваа година изобилува со неверојатни филмски остварувања, особено во областа на филмовите инспирирани од познатите стрипови. Иако треба да почекаме уште малку за гигантите како „Captain America: Civil War“ или „Suicide Squad“, сепак тоа не значи дека и овој месец не нè очекуваат интересни наслови. Погледнете ги следниве филмови кои љубителите на филмското плато со најголемо нетрпение чекаат тие да дојдат во кино салати.rnrn
rn
Амитвил: Будење (Amityville: Awakening) – 1 април 2016
rnБела, нејзината помала сестра, како и нејзиниот брат близнак кој е во кома, се вселуваат во куќа заедно со нивната самохрана мајка Џоан со цел да заштедат малку пари и да можат да ги платат скапите здравствени сметки за нејзиниот брат. Но, одеднаш чудни нешта почнуваат да се случуваат во куќата, меѓу кои едното е и мистериозното оздравување на нејзиниот брат.rnrnrn
Книгата на џунглата (The Jungle Book) – 15 април 2016
rnСтанува збор за сосема нова епска авантура базирана врз ликот за Могли – момчето кое било израснато од семејство волци. Но, Могли одеднаш сфаќа дека повеќе не е добредојден во џунглата каде страшниот тигар Шир Кан, кој носи лузни од човек, ветува дека ќе ги елиминира сите нешта што ги смета за закана. Бидејќи мора да го напушти единствениот дом кој некогаш го познавал, Могли започнува неверојатно патување за себе откривање, водено од пантерот и ментор Багира, како и слободниот дух Балу.rnrnrn
Ловецот: Зимска војна (The Huntsman: Winter’s War) – 22 април 2016
rnНеверојатниот свет кој беше изграден во филмот „Snow White and the Huntsman“, добива сосема нова реалност кога судбините на ловецот Ерик и кралицата Равена длабоко и опасно ќе се испреплетат. Крис Хемсворт и Шарлиз Терон се враќаат во своите улоги во новото продолжение на оваа епска приказна, каде што ќе им се придружат и Емили Блант и Џесика Честеин. На кратко, овој филм без сомнение не би сакале да го пропуштите овој месеци.rnrn