Претходно
Чизкејк бомбици со Орео бисквити: Рецепт за вкусен десерт од само 4 состојки
Можете да направите вкусен десерт од само неколку состојки, а овие чизкејк бомбици со орео бисквити и бело чоколадо се еден таков рецепт. Не мора да ја запалите рерната за да ги подготвите, а потребно ви е само бисквити, бело чоколадо, крем сирење и малку екстракт од ванила.
Потребни состојки:
- 400 г Орео бисквити
- 340 г бело чоколадо
- 220 г крем сирење
- 1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Скршете ги бисквитите во ситен прав.
- Измешајте ги со крем сирењето и екстрактот од ванила. Мешајте додека не се соединат сите состојки.
- Направете топчиња од добиената мешавина. Ставете ги на хартија за печење и во замрзнувач половина час.
- Замрзнатите топчиња потопете ги во растопеното бело чоколадо. Вратете ги во замрзнувач најмалку 15 минути.
Погледнете го и овој рецепт за совршен празничен ролат кој мора да го пробате.