10 паметни совети што може да ви го олеснат животот

10 паметни совети што може да ви го олеснат животот

Понекогаш, работите како што се спам-пораки, изгубен багаж или болест на движење може да ви го уништат денот. За среќа, постојат практични совети кои можат многу да ви го олеснат животот.

1. Користете чепчиња за уши за да ја контрлорате болеста на движење

10 паметни совети што може да ви го олеснат животот

Болеста на движење или кинетоза е реакција што се јавува кога мозок добива збунувачки информации од сензорните рецептори, како што се очите, внатрешното уво и мускулите. На пример, додека возите автомобил, вашите очи и внатрешното уво испраќаат пораки до вашиот мозок дека се движите, но вашите мускули се опуштени; вашиот мозок е збунет и реагира со симптоми на болеста на движење.

Постојат разни трикови и совети за да ја избегнете оваа болест, како гума за џвакање или проѕевање. Сепак, постои еден не толку популарен, но сепак корисен трик. Ставањето чепче во едното уво може да ви помогне да го измамите мозокот и да го натерате да ги игнорира сигналите на внатрешното уво. Некои луѓе велат дека функционира подобро ако ставите чепче за уши спроти вашата доминантна рака. Значи, ако ви е доминантна десната рака, ставете го чепчето за уши во левото уво и обратно.

2. Кога патувате со некој друг, ставете дел од облеката во неговиот багаж

10 паметни совети што може да ви го олеснат животот

Годишно се губат речиси 25 милиони торби. Можеби нема да изгледа толку страшно ако го добиете багажот назад, но патувањето или одморот без багаж може да се претвори во катастрофа. За да избегнете какви било проблеми, чувајте дел од облеката во торбата на личноста со која патувате и ставете дел од нејзината облека во вашата торба. Ако се изгуби една од вашите торби, сепак ќе имате што да облечете.

3. Ако сакате да гледате ѕвезди, испланирајте го патувањето за време на фазата на млада месечина

10 паметни совети што може да ви го олеснат животот

Ако погледнете на небото навечер, ќе видите дека Месечината сјае толку силно што понекогаш е тешко да се види дел од небото околу неа. Ова се случува затоа што Месечината ја рефлектира сончевата светлина. Кога е фаза на млада месечина, самата Месечина е едвај видлива и секоја ѕвезда може лесно да се идентификува.

4. Користете леплива лента за да спречите појава на плускавци

10 паметни совети што може да ви го олеснат животот

Ако сакате да носите високи потпетици, знаете колку е непријатно кога вашиот нов пар чевли предизвикува плускавци. Истражувањата покажуваат дека можете да ги избегнете ако ставите малку леплива лента на чевелот околу делот што ја допира вашата пета. Тоа ќе го намали триењето и ќе ја спречи појавата на плускавци.

5. Ако сакате да го отстраните мирисот на лук од вашите раце, тријте ја славината во кујната

10 паметни совети што може да ви го олеснат животот

Ако сакате да готвите, веројатно знаете колку е тешко да се отстрани мирисот на лук, кромид или риба од рацете и понекогаш сапунот не може ви помогне. За да го отстраните непријатниот мирис, можете да ги триете рацете од не’рѓосувачки челик. Сулфурот во лукот се врзува со металите во не’рѓосувачкиот челик и реакцијата помеѓу сулфурот и металите брзо го отстранува мирисот. За среќа, славината е направена од не’рѓосувачки челик. Само измијте ги рацете во ладна вода и повремено тријте ја славината.

6. Користете керамичка шолја за да ги изострите ножевите

10 паметни совети што може да ви го олеснат животот

Ако немате комплет за острење дома, вашата омилена шолја за кафе може да ви помогне. Речиси секоја керамичка шолја има груб раб околу дното. Превртете ја шолјата наопаку, држете го ножот под агол од 45 степени и движете го преку работ. Повторете го процесот 5-10 пати од двете страни.

7. Како да се справите со бесконечните спам-пораки

10 паметни совети што може да ви го олеснат животот

Статистиката вели дека 45% од сите испратени пораки се спам. Веројатно знаете колку е досадно да добивате десетици непотребни реклами и речиси е невозможно да откриете како огласувачите го добиле вашиот и-мејл. За да дознаете која веб-страница ги открива вашите информации, само ставете го насловот на веб-страницата како средно име додека се регистрирате. Откако ќе добиете спам-порака, ќе знаете која страница да ја забраните или каде да испратите и-мејл за поплака.

8. Натопете ги пуканките во вода за да нема неиспукани зрна

10 паметни совети што може да ви го олеснат животот

Ако претпочитате сами да пукате пуканки, веројатно откривте дека некои од зрната не се претвораат во пуканки. Сепак, можете да добиете помалку неиспукани зрна ако прво ги натопите во вода. Иако е подобро да ги оставите зрната во вода преку ноќ, можете да ги натопите барем 10-15 минути претходно. Дополнителната влага ќе помогне да испукаат речиси сите зрна.

9. Користете коцки мраз за да ја испеглате облеката

10 паметни совети што може да ви го олеснат животот

Ако ви се расипе пеглата или треба да ја испеглате облеката веднаш по перењето, можете да ставите неколку коцки мраз во машината за сушење алишта и да ја вклучите на максимално ниво на топлина. Мразот ќе се претвори во пареа и ќе ги измазни сите набори.

Забелешка: Не преполнувајте ја машината за сушење со облека затоа што така нема да функционира овој трик.

10. Ставете топла лажица на убодот од комарец за да го намалите чешањето

10 паметни совети што може да ви го олеснат животот

Кога ќе ве касне комарец, тој ја пренесува својата плунка под вашата кожа и токму тоа е причина за чешање. Топлината може да го уништи протеинот што го содржи плунката. Ставете лажица под топла вода околу една минута, а потоа ставете ја на убодот. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од чешањето.

Погледнете ги овие 10 трикови за преживување што функционираат многу добро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар