Сакате да го преуредите вашиот дом и да внесете свежина во него, но не знаете на кој начин? Наместо да давате многу пари за мебел, одберете комбинација од бои кои ќе го разубават вашиот простор, со некои поевтини трикови, како менување на бојата на ѕидовите, прекривките или украсите. Не треба да претерувате со мешањето на две бои, за да не изгледа просторот премногу кич. Најпрво изберете неколку нијанси од бојата којашто сакате да преовладува, а потоа постепено додавајте детали во другата боја. Ви предлагаме 5 необични комбинации на бои, кои фантастично изгледаат во станбениот простор.rn
1. Тиркизна и беж
rnОваа комбинација од бои делува релаксирачки и создава чувство на елеганција во просторот. Овие бои најдобро се вклопуваат во дневната и во спалната соба.rnrn
rn
2. Темнокафена и златна
rnКомбинирајќи ги овие две бои, ќе добиете раскошен и луксузен изглед на просторијата, особено доколку сакате африкански мотиви.rnrn
rn
3. Тиркизна и боја на зелен лимон
rnОвие две навидум неспоиви бои, можете одлично да ги комбинирате во вашата канцеларија или во детската соба. Доколку ги употребите на ѕидовите или тапетите, најдобар дезен се пругите.rnrn
rn
4. Светлосива и циклама
rnКомбинацијата од светлосива и циклама, ќе му даде младешки изглед на вашиот простор. Овие две бои можете да ги комбинирате и со црна и бела боја.rnrn
rn
5. Темнозелена и бледорозова (лаванда боја)
rnОваа необична комбинација од бои, ќе ѝ овозможи смирувачки изглед на вашата бања, тераса или работен простор. Како додаток плус, во просторијата можете да ставите и голема вазна со лаванди и со тоа целосно да го освежите вашиот простор за живеење.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
