Претходно
Топлo чоколадo со шлаг од кокос како омилен пијалaк оваа зима!
Веганскиот пресврт на топло чоколадо е идеален за загревање во ладните денови. Со додавање на зачини како цимет, морско оревче, сушен портокал, ѓумбир – ова топло чоколадо ќе донесе насмевка на вашето лице.
Потребни состојки:
- 370 милилитри кокосово млеко (од конзерва)
- 250 милилитри бадемово млеко
- 1 лажица какао
- 2 лажици јаворов сируп
- 50 г црно чоколадо
- 2 лажички пченкарен скроб (густин)
- 4 лажици вода
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка сол
- зачини по желба: цимет, морско оревче, ѓумбир …
- кремот од конзерва кокосово млеко
Начин на подготовка:
- Од конзервата кокосово млеко (кое беше во фрижидер) извадете две лажици од цврстиот дел. Остатокот измешајте го со течноста од конзервата и ќе добиете густо млеко.
- Ставете го добиеното млеко во тенџере заедно со бадемовото млеко, какаото, јаворовиот сируп, црното чоколадо, солта и ванилата. Мешајте додека не зоврие.
- Измешајте го скробот со вода додека не се раствори во водата, а потоа додадете во зовриената смеса и мешајте уште една минута.
- Изматете го кремот од кокос што првично го извадивте. Ако сакате, додадете малку екстракт од ванила и промешајте една минута.
- Сервирајте го топлото чоколадо во чаши, додадете го добиениот шлаг и изрендајте го чоколадото.
Прочитајте за оваа јапонска диета со банани со која може да изгубите дури 10 килограми за две недели.