КАФЕ ПАУЗА

Сигурни знаци дека сте создадени еден за друг

Сигурни знаци дека сте создадени еден за друг

Дури и кога сте лудо заљубени во некого, тешко е да се знае дали тој/таа е вистинскиот партнер за вас. Секој има различна слика во глава што може да очекува од својот партнер, но доколку вашата врска ја карактеризираат овие работи, немате потреба од грижи.rnrnСигурни знаци дека сте создадени еден за другrnrn

1. Му откривате работи кои никому не сте ги кажале

rnПри ова не се мисли на „искреност“ после неколку чаши вино, туку на желбата да му откриете интимни детали од вашиот живот. Тоа е знак дека му верувате, што е важна компонента за успешна и долга врска.rn

2. Дозволувате да ве види во моменти на слабост

rnЛесно е да се биде среќен со некого на кого му цветаат ружи во животот. Но, што ќе правите кога нема да бидете во лесен период од животот? Во таквите ситуации партнерот треба да ви биде тука за утеха.rn

3. Го почитувате и го прифаќате каков што е

rnНе чувствувате потреба да го промените вашиот партнер. Можеби има ситници кои ве иритираат, но сепак го сакате таков каков што е.rn

4. Сакате да ги запознаете неговите/нејзините родители

rnСе гордеете со вашиот партнер и не ви пречи да го запознаете со вашите родители, наместо постојано да барате изговор зошто не може да дојде кај вас на гости.rn

5. Лесно можете да ја замислите вашата заедничка иднина

rnДоколку некогаш одлетате со мислите во заедничката иднина и ако ви се допаѓа тоа што го гледате, тоа е сигурен знак дека вашата врска е нешто посебно.rnrnСигурни знаци дека сте создадени еден за другrn

6. Не се плашите да го изнесете вашето поинакво мислење кое се разликува од неговото

rnЗнаете дека ќе ве ислуша, иако не се сложува со тоа што го зборувате и дека ќе ве сфати сериозно, иако смета дека не сте во право.rn

7. Сакате да поработите на различностите

rnСе разликувате со партнерот во неколку клучни работи кои би можеле да влијаат на вашата иднина, но сакате да поработите на нив бидејќи знаете дека ќе дојдете до решение кое ќе одговара за двајцата.rn

8. Се смеете кога сте заедно

rnСмеењето е едно од наједноставните животни задоволства. Нема ништо поубаво од тоа постојано да се смеете заедно.rn

9. Неверојатно многу ве привлекува

rnФизичката привлечност е важен елемент во секоја здрава врска. Тоа е само уште еден дополнителен плус што го прави партнерот, вистинскиот за вас.rn

10. Тишината не ви е непријатна

rnПаузите помеѓу разговорите и тишината не ви создаваат непријатност. Немате чувство дека морате непрекинато да зборувате, бидејќи тишината за вас не е непријатна.rnrnСигурни знаци дека сте создадени еден за другrn

11. Се чувствувате одлично покрај партнерот

rnНе мислите дека треба да внимавате што зборувате, не сте несигурни, ниту пак се плашите.rn

12. Потребен ви е партнерот во „нормални“ количества

rnКопнеете по партнерот, но не премногу. Одредена доза потреба од партнерот е добра, но постојаната потреба од него, може да доведе до незадоволство и гушење на врската.rn

13. Не сте премногу љубоморни

rnНе кревате паника кога партнерот е излезен со пријателите или со пријателките. Мала доза на љубомора е во ред, но сепак му верувате.rn

14. Покрај партнерот сте подобра личност

rnПартнерот на вас делува така што се чувствувате попаметно, поубаво и покреативно. Чувствувате како меѓусебно се надополнувате и дека од вас доаѓа она најдоброто.rn

15. Едноставно ве разбира

rnЕдноставно, партнерот разбира некој дел од вас кој ни вие самите не можете со зборови да го опишете. Тоа е пријатно и убаво чувство, кое треба да постои во сите врски.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.