Нова апликација со која ќе можете да проверите дали вашето милениче е гладно или вознемирено
Хавиер Санчез од Амазон разви интересна апликација MeowTalk, понудена бесплатно на Google Play и App Store. Апликацијата во реално време го „преведува“ мјаукањето на вашето крзнено милениче, за да знаете што сака да каже!
Сопствениците му помагаат на проектот со создавање бази на податоци врз основа на кои вештачката интелигенција учи нови „изрази“. Со снимање на мајукања, тие ја развиваат самата програма. Во моментов, MeowTalk нуди тринаесет фрази, вклучително и „Нахрани ме“, „Лут сум“, „Остави ме“
Креаторот на апликацијата објаснува дека мачките, за разлика од луѓето, немаат заеднички јазик, но секоја „комуницира“ на уникатен начин. Од таа причина, нема универзална база на податоци, но тие се разликуваат од сопственик до сопственик.
MeowTalk штотуку оживеа, а крајната цел е да се развие одлична апликација која би го превела јазикот на мачката во реално време.
Прочитајте и за оваа апликација која ќе ги лоцира мачките и кучињата скитници низ Истанбул.