КАФЕ ПАУЗА

Хуман однос кон животните: Апликација ќе ги лоцира мачките и кучињата скитници низ Истанбул

Хуман однос кон животните: Апликација ќе ги лоцира мачките и кучињата скитници низ Истанбул

Written by

in

Истанбулските власти создадоа мобилна апликација SmetiPati која ќе се обиде да постигне амбициозна цел, а тоа е да ги лоцира сите мачки и кучиња скитници по градските улици.rnrnХуман однос кон животните: Апликација ќе ги лоцира мачките и кучињата скитници низ ИстанбулrnrnАпликацијата е развиена од водечката ИТ компанија Коџ Систем, а тоа значи дека сите љубители на животни ќе можат да пријавуваат мачки и кучиња скитници со апликацијата. Властите сакаат подобро да се грижат за нивното здравје и да направат подобри политики кога станува збор за третманот на овие животни. Ипек Кираџ од споменатата компанија истакна дека дошла до идејата за развој на оваа апликација, бидејќи бројот на бездомни кучиња што ги хранела се зголемувал секој ден.rnrnЌе се создаде база на податоци за секое животно, а ќе има и информации за луѓето кои се грижат за нив и за ветеринарите. Секој профил на животното ќе содржи основни информации за него и фотографија. Податоците ќе се ажурираат редовно. Истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу рече дека планот е апликацијата да биде достапна во рок од половина година.rnrnДали Инстаграм и ТикТок стануваат минато? Новата социјална мрежа „уништува сè пред себе“.