КАФЕ ПАУЗА

Погледнете од што треба да се ослободите за да постигнете успеси во животот

Written by

in

,

Еден од начините да бидете попродуктивни и посреќни е да пораснете – лично и професионално. Сите тежнееме да создадеме нови можности од неколку причини: амбиција, пари, влијание, напредок во кариерата, нови предизвици и слично. Сосема е нормално да барате можности и околности кои ве предизвикуваат и тераат да бидете најдобри во она што го правите.rnrn0-poglednete-od-shto-treba-da-se-oslobodite-za-da-postignete-uspesi-vo-zhivotot-kafepauza.mkrnrnДодека голем дел од нас го знаат сопствениот рецепт за успех – напорна работа, посветување повеќе време, поголема одговорност – затоа, помало внимание се обрнува на нештата кои мора да престанеме да ги правиме за да ја реализираме целта. Ќе забележите дека голем дел од овие деструктивни однесувања и навики се резултат на сопственото мислење, кое можеби е најважниот атрибут при постигнување успех и тоа е она поради кое можете или да бидете во огромна предност или да назадувате. Погледнете кои се 6-те нешта од кои мора да се ослободите веднаш ако сакате да успеете.rn

1. Ослободете се од желбата да ги усреќите сите

rnБез разлика дали е правилно или не, сите имаат мислења за луѓето околу нив. За жал, голем дел од нас премногу се фокусираат на она што другите го мислат за нас. Тоа е природно, затоа што сакаме да бидеме сакани, прифатени и ценети. Но, треба да знаете дека секогаш ќе има луѓе кои нема да ве прифаќаат поради завист, огорченост, страв или нешто друго, додека вие свесно правите напор за да постигнете некој успех во вашиот живот.rnrnУспехот може да ги истакне овие чувства затоа што не секој има цел да си ги подобри животните услови. Важно е да запомните дека тоа не е ваш проблем. Не е ваша работа да ги усреќувате овие луѓе – туку само да бидете среќни со она што го правите со сопствениот живот.rn

2. Ослободете се од изговорите и бидете одговорни за вашите дела

rnПостојат интелигентни и талентирани луѓе кои никогаш нема да го постигнат зацртаниот успех во нивните животи затоа што не можат или не сакаат да престанат да наоѓаат изговори и да ги обвинуваат другите. Кога ќе добиете можност, мора да ја грабнете во целост и да запомните дека само вие можете да го остварите тоа. Ако ги обвинувате другите за вашите проблеми и ако наоѓате разни изговори никогаш нема да имате позитивен исход.rnrnАко сме искрени со себеси, веднаш знаеме дека сме биле виновни – во еден момент или во друг. Проблемот со ова е дека се обесхрабруваме од она што може да стане наше ако преземеме одговорност и го направиме она што треба да се направи. Работете напорно, признавајте ги грешките и имајте за цел да не наоѓате изговори или да ја пренасочувате вината на други луѓе.rn

3. Ослободете се од големите грешки и неуспесите од минатото

rnЛуѓе сме – правиме грешки. Сите ние во еден момент од нашиот живот сме направиле некоја страшна грешка или не сме успеале во нешто. И не постои ништо со што можете да го избришете минатото или нешто што можете да преземете за да го исправите направеното. Постојат огромен број луѓе кои прво не успеале за потоа да се прослават со некој голем успех. Стивен Спилберг, Ричард Бренсон, Волт Дизни – листата е долга…rn

4. Ослободете се од болките и траумите

rnНекогаш зборот „тешкотија“ не целосно ги доловува нештата што ни се случиле во минатото. Некои од нас имаат искусено значајна болка – што дури преминала во траума. Својствениот проблем во ослободување од болката и траумите е тоа што може да ги намали напорите за подобар живот.rnrnАко не се ослободите од мислите кои психички ве уништуваат никогаш нема да можете да уживате во можностите од сегашноста и иднината. Иако можеби нема целосно да заборавите на она што се случило, сепак можете да водите успешен и среќен живот без разлика што сте доживеале траума.rn

5. Ослободете се од несигурностите

rnКако и другите проблеми, така и несигурноста може да биде тешка за надминување, но тоа не значи дека е невозможно. Имајќи го тоа на ум, нема потреба да се грижите што мислат луѓето околу вас. Повторно – тоа е нивен проблем, а не ваш. Плус, голем број од луѓето се толку себични што гледаат само за нив, тие не ни имаат време да мислат на вас.rnrnАко верувате дека сте силна и способна личност од непроценлива вредност, тогаш никој и ништо не може да го промени тоа, освен ако вие им дозволите. Несигурноста е состојба на мозокот, но исто се и храброста и самодовербата. Држете ја главата високо, верувајте во себе и уште поголема е веројатноста дека и другите ќе веруваат во вас.rn

6. Ослободете се од љубомората и презирот

rnЉубомората и презирот се чести човечки чувства, но тие ви ја одземаат енергијата и ве исполнуваат на негативен начин. Исто така, љубомората и презирот се ирационални, непродуктивни мисли од кои немаме корист. Ова особено важи во моментите кога се обидувате да постигнете каква било цел или успех.rnrnДа чувствувате презир кон некого поради нивниот успех или постигнување е одраз на слаб карактер и е непродуктивно. Наместо тоа, пробајте да го цените нивниот труд и нивната напорна работа, одличност и жртвување. Од луѓето кои постигнале успеси можеме многу да научиме, наместо да акумулираме негативни чувства кон нив. Обидете се да изградите врска со нив и да го исполните социјалниот круг врз основа на такви луѓе. Успехот создава успех и веројатно ќе најдете добра личност што ќе ви обезбеди мотивација и охрабрување за да ги постигнете вашите цели.