Претходно
Овие чоколадни колачиња се новиот Инстаграм тренд, а гарантирано ќе го подобрат и вашето расположение
Од причини што не треба премногу да се објаснуваат, веруваме дека сите денес би имале корист од пристојна доза на чоколадо. Чоколадото гарантирано го подобрува расположението, а ние денес решивме да ви споделиме еден рецепт за чоколадни колачиња кои многу брзо станаа новиот тренд на Инстаграм.
Ver esta publicación en Instagram
Потребни состојки:
За тестото:
- 8 лажици путер во собна температура
- 100 г шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 јајце на собна температура
- 155 г брашно
- 1/2 чаша + 2 лажици какао
- 1/4 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка сол
За филот:
- 190 г путер од кикирики
- 4 лажици путер на собна температура
- 30 г шеќер во прав
- 1 лажичка екстракт од ванила
За декорација:
- 350 г млечно чоколадо, стопено
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175 степени. Во голем сад измешајте ги путерот, шеќерот и ванилата додека не се запени, околу 3-5 минути. Додадете го јајцето и мешајте додека смесата не се соедини, а потоа додадете брашно, 1/2 чаша какао во прав, сода бикарбона и сол. Мешајте додека не се соедини и тестото не направите топка, а доколку е премногу влажно за да се тркала, додадете дополнителни 2 лажици какао во прав.
- Ставете брашно на работната површина, поделете го тестото на два дела и направете форми користејќи форми за колачиња, а потоа внимателно префрлете ги во плех обложен со хартија за печење. Потоа покријте ги и оставете ги во замрзнувач околу десет минути. Истото направете го и со другиот дел од тестото.
- Печете ги формите околу 10-12 минути. Изладете го плехот околу пет минути, а потоа префрлете го во ладилник.
- За да го направите филот, измешајте путер од кикирики, путер, шеќер во прав и ванила и мешајте додека смесата не стане пенлива.
- Колачињата што веќе се готови поделете ги во две поголеми чинии. Од едната земајте ги оние кои до половина ќе ги облиете со растопено чоколадо. Почекајте да се стврдне глазурата, а потоа намачкајте го филот на другата половина од колачињата и покријте ги со украсените половини (односно оние облиени со растопено чоколадо).
Можеби ќе сакате да го пробате и овој мус колач од чоколадо.