Најчудните куќи во светот што можете да ги изнајмите, но не се евтини

Најчудните куќи во светот што можете да ги изнајмите, но не се евтини

Куќа во форма на хот-дог, романтична колиба на дрво до чии соби се стигнува со висечки мостови, НЛО куќа – ова се најчудните куќи во светот.

„Wienermobile“ – Еванстон, САД

Најчудните куќи во светот што можете да ги изнајмите, но не се евтини

Ова е всушност куќа на тркала во форма на хот-дог.

Сопственикот Оскар Мајер користи вакви возила за да го промовира својот бизнис со месо, а едно од возилата уредил како куќа на тркала и ја изнајмува за 120 американски долари за една ноќ.

Оваа куќа е опремена со кревет, мала бања, два стола и фрижидер полн со колбаси.

НЛО – Јужен Пемброкешир, Велика Британија

Најчудните куќи во светот што можете да ги изнајмите, но не се евтини

На југот на Велика Британија можете да најдете „вонземјанска“ куќа што може да се изнајми преку „Airbnb“. Не само што изгледа космички однадвор, туку и однатре. Може да собере четири лица.

Најчудните куќи во светот што можете да ги изнајмите, но не се евтини

Внатре има брачен кревет, два единечни кревети и трпезарија. Покрај тоа, објектот има голем монитор на кој можете да играте класични вонземјански игри како што се „Defender“ и „Space Invaders“.

Цената за една ноќ во овој вселенски брод е 110 евра.

Дрвена куќа и сауна (Wood House & Sauna) – Олдеберкооп, Холандија

Најчудните куќи во светот што можете да ги изнајмите, но не се евтини

Оваа уникатно направена куќа се наоѓа во природа и има сè што ви треба за удобен престој.

Има спална соба со брачен кревет, кујна, бања, тераса, а покрај куќата се наоѓа нејзината помала реплика во која има сауна.

Цената за една ноќ е 125 евра, а може да се изнајми преку „Airbnb“.

Изолирана куќа на дрво – Атланта, САД

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Best Airbnb (@best_airbnb) on

Престојот во оваа куќа од дрво е нешто што никогаш не се заборава, но тоа искуство не е евтино и чини околу 350 евра за едно ноќевање.

Најчудните куќи во светот што можете да ги изнајмите, но не се евтини

Целата куќа е направена од дрво. Просториите се посебни целини поврзани со висечки мост.

Куќа школка (Casa Caracol) – Островот на жените, Мексико

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Best Airbnb (@best_airbnb) on

Ако „Малата сирена“ е вашиот омилен филм на Дизни, тогаш ќе се чувствувате како Ариел во оваа симпатична куќа во Мексико.

Куќата наликува на две огромни школки и е наменета за четири лица. Напред има базен и скара, а внатре има дневна соба, кујна, две спални соби и луксузна бања.

Едно ноќевање чини околу 220 евра.

Погледнете кои се 6-те најголеми природни чуда на светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар