КАФЕ ПАУЗА

Модна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинации

Модна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинации

Есента не им е омилено годишно време на многумина, но нуди голем број можности за да создадете интересни, модерни и слоевити комбинации. Овие 6 комбинации се совршени за дами кои зачекориле во 50-тите години од животот.rnrnЦрвено-сивата комбинација е секогаш полн погодок. Бидејќи панталоните се доволно впечатливи, црната кошула е одличен избор. Овие капи стануваат сè повеќе популарни, па ако немате, набавете барем една.rnrnМодна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинацииrnrnАко сакате здолништа и поженствен изглед, оваа комбинација е совршена за вас. Чизмите кои потсетуваат на мартинки ја „разигруваат“ оваа комбинација на вистински начин, а ременот со интересен принт ја зачинува целата модна приказна.rnrnМодна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинацииrnrnКостумот е секогаш добар избор, а овој дезен моментално е водечки.rnrnМодна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинацииrnrnТемпературите сè уште ни дозволуваат да носиме пократки парчиња облека, а комбинацијата на бермуди и високи чизми изгледа навистина интересно.rnrnМодна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинацииrnrnПредимензионалните палта се апсолутен хит. За да внесете ведрина во сивите есенски денови, слободно комбинирајте разни бои. Комбинацијата на виолетова и тиркизна боја е одлична идеја.rnrnМодна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинацииrnrnКожата не го напушта модниот трон ниту оваа сезона. Панталоните од овој материјал се задолжителни во гардеробата на секоја жена. Ако ги носите, доволно е да ги комбинирате со обичен бел џемпер и ќе изгледате феноменално.rnrnМодна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинацииrnrnПогледнете какви тонови ќе преовладуваат оваа есен.