Жителите на Флорес, велат дека душите на врачевите живеат високо во планините на нивниот остров во Индонезија, во езерото каде водата е црна. Блиското зелено езеро е дом за грешните души, а душите на децата и девиците почиваат во езерото со светлозелена боја.rnrn
rnrnНа висина од над 1.600 метри, во кратерите на Кели Муту, кој претставува еден од многубројните згаснати вулкани на овој индонезиски остров, се наоѓаат овие три езера. На островот има и 14 активни вулкани, а и земјотресите се честа појава.rnrn
rnrnСамите езера со неверојатни бои претставуваат доволно изненадување, но со нив е поврзана и приказната дека не толку одамна нивните води биле поинаку обоени – со црна, кафена и сина боја. Во 60-те години на 19 век имале боја на бело кафе, црвено-кафеава и сина боја, а триесет години пред тоа имале бои слични на денешните.rnrn
rnrnНикој не ја открил причината зошто овие езера се вака обоени, ниту пак зошто им се менува бојата. Тие таинствено лежат во кратерите што некогаш биле жешки, а непознати процеси ја диктираат нивната следна промена на бојата.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
