Малите кујни се предизвик за многумина. Не само што е потешко да се подготват оброци во тесен простор, туку потребни се и повеќе организациски вештини за да се средат и да се складираат сите важни ситници. Но, постојат неколку трикови кои ќе ви ја олеснат таа задача.rn
1. Набавете мебел со лизгачки врати
rn
rnrnКујнските ормани со лизгачки врати заштедуваат многу простор во вашиот дом и ви овозможуваат полесно да се снаоѓате.rn
2. Инвестирајте во кујнска количка на тркала
rn
rnrnКујнската количка со тркала е флексибилен простор за складирање, а по потреба можете да ја движите и да ја преместите во други простории во домот или на терасата.rn
3. Поставете полици до врвот
rn
rnrnПоставувањето полици на ѕидовите е одличен начин за складирање на работите. Но, не ставајте само една или две полици, туку поставете ги сè до врвот. Најгоре ставете работи што не ги користите секој ден, а работите што ги користите постојано нека ви бидат на дофат на раката.rn
4. Направете лизгачки полици
rn
rnrnАко сакате максимално да го искористите просторот во малата кујна, размислете да купите мебел по мерка. Често има слободен простор помеѓу кујнските елементи што не одговара на класичните парчиња од продавниците за мебел. Во тој тесен простор можете да наместите лизгачка полица.rn
5. Искористете го максимумот од просторот во кујнските елементи
rn
rnrnКупете организатор на фиоки и со тоа складирајте повеќе работи во кујнските елементи. На пример, внатрешните страни на орманите можат да послужат како држач за капаци или слични работи.rn
6. Направете шанк за јадење
rn
rnrnВо малите кујни нема место за маса и столови за јадење. Наместо тоа, вградете шанк каде што ќе можете да јадете од нога.rn
7. Обесете ги работите над главата
rn
rnrnАко ви дозволува просторот, можете да го закачите кујнскиот прибор над главата, односно под таванот. Исто така, ќе заштедите многу простор ако поставите решетка за сушење садови над мијалникот.rn
Три трикови за визуелно зголемување на кујната
rn
rnrn1. Изберете кујнски елементи и опрема во посветли бои кои визуелно го зголемуваат просторот.rnrn2. Просторот ќе изгледа и поголем ако закачите поголемо огледало на еден ѕид во кој ќе се рефлектира остатокот од кујната.rnrn3. Просторот ќе изгледа помалку тесен и неуреден ако чувате колку што е можно помалку работи на видливи места.rnrnПогледнете кои бои го прават просторот поголем.