Од 9 септември, Марс во Овен ќе започне ретроградно движење кое ќе трае до 14 ноември. Последен пат Марс бил ретрограден во знакот на Овен во 1988 година, а во текот на летото 2018 година, бил ретрограден во знакот на Водолија. Обидете се да се сетите што се случувало тогаш во вашиот живот. Некои теми што биле актуелни во тоа време, може да бидат повторно активни во иднина.rnrn
rnrnМарс во Овен симболизира воин кој се бори за себе, за независност и за слобода. Многу е решителен, непоколеблив и полн со иницијатива. Со него, започнуваме нови работи, работиме напорно и донесуваме важни одлуки. Тој е нашата креативна енергија.rnrnНо, за време на неговата ретроградна фаза, работите се забавуваат. Се создава притисок и во следниот период ќе имате чувство дека нешто постојано ве спречува.rnrnОва е период во кој треба да научите да живеете помирно и да научите да не се вознемирувате за ситуациите врз кои не можете да влијаете.rnrnПреиспитајте ги своите намери, преиспитајте каде сакате да ја насочите својата енергија во иднина. Во следниот период, водете сметка за вашето здравје, бидејќи ќе биде на удар. Врските помеѓу партнерите исто така ќе бидат засегнати, па внимателно бирајте ги своите зборови. Ретроградниот Марс враќа некои луѓе и ситуации со кои имате нерасчистени односи.rnrnОсобено бурни датуми ќе бидат 9 септември, од 28 септемрви до 1 октомври, од 7 до 12 октомври и 14 ноември.rnrnТеми што ќе бидат важни за секој знак и аспекти што ќе бидат засегнати:rnrnОвен – здравје, изгледrnrnБик – нерешени прашања од минатото, одмор, стравови и недовербаrnrnБлизнаци – пријателство, кариераrnrnРак – кариера, односи со авторитети, љубовrnrnЛав – патувања, образование, правни проблемиrnrnДевица – сексуален живот, туѓ имот или пари, долговиrnrnВага – партнерства, бракrnrnСкорпија – здравје, услови за работа, односи со колегитеrnrnСтрелец – љубовен живот, однос со деца, пријателствоrnrnЈарец – семејство, дом, здравјеrnrnВодолија – комуникација, браќа и сестри, учење, односи во околинатаrnrnРиби – пари, заработка, работаrnrnПрочитајте што треба да преиспита секој хороскопски знак во текот на септември.
Подгответе се за големи животни пресврти за време на ретроградниот Марс
