Дневните температури веќе секојдневно надминуваат 35 степени и токму тоа на многумина им предизвикува проблеми при завршувањето на секојдневните активности. Ние се потиме, исцрпени сме и нервозни. Па, погледнете што треба да направите со цел полесно да се справите со високите температури, без разлика каде се наоѓате.rnrn
rn
1. Избегнувајте директно изложување на сонце
rnБез разлика дали сте на море или во град, избегнете директно изложување на сонцето, особено во периодот помеѓу 11 и 15 часот кога има највисоко ултравиолетово зрачење. Доколку навистина мора да излезете, носете соодветна облека и заштита на главата.rn
2. Заштита од сонце
rnСите изложени делови од кожата намачкајте ги со крема за сончање која има барем заштитен фактор 15. Не заборавајте да ги намачкате ушите, задниот дел од вратот и очните капаци.rn
3. Заштитете ги очите
rnУлтравиолетовите зрачења можат негативно да влијаат и врз нашите очи, па токму затоа е потребно и тие соодветно да се заштитат. Истражувањата покажале дека негативните последици од сонцето можат да се избегнат лесно доколку носите очила за сонце со вградени филтри против ултравиолетово зрачење. Одбирајте поголеми модели кои покриваат што поголем дел околу вашите очи и кои спречуваат продирање на зраците од страна.rn
4. Пијте доволно течности
rnЕдна просечна личност во текот на денот треба да испие 8 чаши обична вода, а кога е изложена на високи температури и многу повеќе течности со цел да остане хидрирана. Каде и да одите, секогаш имајте шише вода на дофат и не заборавајте дека најдобро ќе ве олади млака обична вода.rn
5. Немојте да претерувате со вежбање
rnВежбањето на високите температури дополнително ја зголемува температурата на телото што предизвикува потење и дехидрација. Поради тоа може да дојде до грчење на мускулите и истоштеност, а во најлош случај дури и до топлотен удар. Ограничете ги активности со кои се бавите во текот на денот и избегнувајте дури и обична прошетка во најтоплите часови.rn
6. Затемнете го вашиот дом
rnСпречете ја топлината да влезе во вашиот дом, особено ако поголемиот дел од него е насочен кон исток. Најдобро е да ги спуштите ролетните на прозорците, како и да ги исклучите сите кујнски апарати кои генерираат топлина.rn
7. Не претерувајте со уредите за ладење
rnДоколку имате потреба дополнително да го оладите вашиот дом со вентилатор или клима уред, секогаш внимавајте разликата помеѓу надворешноста и внатрешноста да не надминува 7 степени со цел да не го изложите вашето тело на шок при излегување/влегување.