А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

Бенефити од користење на услугата Е-сметка и можност за подарок електричен велосипед

А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

Денеска заврши првиот од трите циклуси на извлекувања за седум електрични велосипеди, односно сите кои ја користат услугата Е-сметка на А1 Македонија автоматски стануваат учесници во извлекувањата за електричен велосипед. Во три месечни циклуси на извлекување ќе биде доделен 21 електричен велосипед, односно седум во секое извлекување по случаен избор.

Следното извлекување е закажано за 4 септември, а право за учество во извлекувањето имаат сите А1 резидентни корисници (физички лица) со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите А1 бизнис корисници (правни лица) со дадена согласност за електронска сметка. Дополнително, сите корисници на А1 Македонија кои ги исполнуваат условите и кои извршиле и онлајн плаќање на електронската сметка преку официјалната веб страницата на А1 Македонија или преку апликацијата Мојот А1, учествуваат уште по еднаш во листата за извлекување, односно имаат двојно поголема шанса за добивање на подарок.

Купување преку интернет, плаќање на сметките, но и целиот процес на дигитализација стана составен дел од нашето секојдневие. Промена на нашите навики, но и отворање на нови можности е поттик А1 Македонија да им помогне на своите корисници кон дигиталната трансформација. Нудејќи услуги преку повеќе дигитални канали, иновативни канали за комуникација и достапност на услугите, А1 Македонија нуди бенефити за своите корисници и го подобрува нивното корисничко искуство.

Користење на услугата Е-сметка носи бенефити за корисниците, па покрај заштеда на време и плаќање на сметката од удобноста на домот, истата придонесува кон заштита на животната средина, односно го елиминира нивото на отпад од хартија. Услугата Е-сметка на корисниците им овозможува месечните сметки да ги добиваат електронски, на е-мејл адреса, брзо безбедно и секогаш на време, наместо во хартиена форма, а сметката да ја платат преку апликацијата Мојот А1 или преку официјалната веб страница на линкот www.A1.mk/plati-smetka.

Активирање на услугата Е-сметка може да се изврши преку апликацијата Мојот А1 во делот Сметки или со испраќање SMS порака со е-мајл адреса на корисникот на бесплатниот број 140410 додека бизнис корисниците можат да активираат Е-сметка со давање согласност за електронска сметка на линкот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар