Дали знаевте дека кардиоваскуларните вежби можат да ве заштитат од коронавирус?

Сподели

Едно истражување објавено во весникот Obesity Journal сугерира дека кардиоваскуларните вежби можат да обезбедат одредена заштита од сериозни вируси како што е и коронавирусот. Истражувачите објаснуваат дека кај луѓето кои не се физички активни нивото на антиинфламаторни цитокини се зголемува и создава поголем ризик од инфекција.

Реклама

Како и да е, тие советуваат дека ако сакате да се заштитите од разни болести, најдобро е да комбинирате кардиоваскуларни вежби со аеробни вежби кои ќе ви помогнат при зајакнување на имунитетот. Иако секојдневното трчање не е гаранција дека нема да се заразите со коронавирусот, тоа е добро за вашето здравје.

Вашата програма за вежби треба да ја прилагодите на вашето тело. Ако премногу вежбате тоа може да има и лошо влијание врз вашето здравје. Потребно е да му дадете одмор на вашето тело. Исто така, не заборавајте да пиете многу вода и да се храните здраво.

https://www.youtube.com/watch?v=ml6cT4AZdqI

https://www.youtube.com/watch?v=w1iS0iiiMcA

Прочитајте и зошто сите полудеа по тренинзите на Клои Тинг?

Популарно

Може ќе ве интересира