Ова писмо го напишала Колин Темпл за порталот „Motherly“, а тоа со сигурност е потпишано од секоја мајка. Во продолжение прочитајте го нејзиното искрено писмо.rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnДраги деца,rnrnНеодамнешното заминување на прекрасната 27-годишна жена Холи Бачер, чија порака на Фејсбук беше полна со совети, лекции за животот и лични размислувања, ме инспирираше да седнам и да ви напишам нешто затоа што има работи што треба да ги знаете за животот, за љубовта и за тоа како функционираат работите. Јас сакам да бидам таа што ќе ви го каже тоа.rnrnЖивотот е премногу краток и никогаш не знаеме што носи денот и што носи ноќта, па затоа треба да го префрлам ова на хартија (поточно, на Интернет) и тоа веднаш.rn
1. Животот ќе биде лудница
rnПонекогаш ќе се збуните со упатствата што треба да ги следите. Но, сите ние имаме наш пат – само треба да веруваме во процесот и напорно да работиме. Имајте верба и вложете го потребното време. Не плашете се од паѓање. Токму во тоа е магијата – во паѓањето, во обновата, во инспирацијата, во враќање кога ќе бидете посилни од кога било. Вака се остваруваат соништата и се исполнуваат целите.rn
2. Семејството ви е поддршка
rnНишто не е поважно од семејството. Јас, вашиот татко и вие. Вашите роднини, тетки, чичковци, баби и дедовци… Ние ќе бидеме таму едни за други. Ќе се сакаме, дури и кога сме лути едни на други. Ќе навиваме едни за други дури и за време на најмалите предизвици. Ќе направиме сè што е потребно едни за други.rnrnБидете верни едни на други. Бранете се едни од други. Вежбајте простување. Грижете се едни за други и не дозволувајте ништо да стои меѓу вас.rn
3. Вашите пријатели ќе ви бидат сродни души
rnТие ќе бидат покрај вас кога ќе ве остави партнерот, симпатијата или кога срцето ќе ви биде скршено. Тие се тука за да ве насмеат кога тоа ви треба најмногу и да танцуваат со вас до доцна во ноќта. Ќе станат дел од вас, ќе ви бидат како семејство.rnrnНекои ќе бидат со вас до крајот на животот, а некои само во одредени фази од вашиот живот. Ќе се појават во вашиот живот со причина. Бидете добри пријатели. Одвојте време за нив.rn
4. Работата е потребна и инспиративна
rnВеројатно ќе имате неколку различни работни места во животот. Понекогаш вашата професионална патека нема да изгледа како што сте замислувале. Затоа, не плашете се да пробате различни страсти во животот и да видите каде ќе ве одведат.rnrnСакам да изберете кариера што ве исполнува, што ве тера да растете и да се развивате и да го искористите максимумот од вашиот потенцијал.rn
5. Парите се и подарок и товар
rnЌе има денови кога ќе откриете дека сè си има своја цена. Ако работите и штедите, тоа е добро. Сепак, дури и ако работите правилно, честопати ќе ви биде стресно да управувате со парите.rnrnНо запомнете – парите не се сè. Животот е многу повеќе од сметки и стрес за тоа дали да потрошите пари на нова маица или не. Верувајте дека сè ќе биде како што треба, дури и кога не сте во можност да издвоите пари за себе, за семејството, за врската и за децата.rn
6. Некогаш вашето тело ќе ви биде пријател, а некогаш непријател
rnТелото ми даде три неверојатни подароци – моите деца. Му се восхитувам низ што сè помина – три бремености и раѓања. Јас го почитувам моето тело за сè што ми даде и што направи за мене и сè уште сум строга кон него. Има денови кога посакувам повторно да изгледа како пред бременостите затоа што сакам да ги носам омилените фармерки од пред пет години. Тогаш посакувам да ја немав опуштената кожа во пределот на абдоменот и стриите во пределот на бутовите.rnrnНо, здравото тело е подарок и така треба да се однесуваме кон него. Кога сум строга кон него, само гледам во вас и сфаќам колку е навистина прекрасно. Тогаш ги отстранувам сите негативни мисли.rn
7. Љубопитноста ќе ви донесе успех
rnБидете љубопитни. Поставувајте прашања. Нема лоши прашања затоа што поставувањето прашања значи дека вие го почитувате процесот на учење до таков степен што сакате да бидете сигурни дека правилно ги усвојувате информациите. Тоа е многу важно.rn
8. Технологијата може да ве измами, но и да ви биде од корист
rnГо имаме светот на дланката и којзнае што ќе ви понуди технологијата кога ќе пораснете.rnrnСоцијалните мрежи ќе ви бидат интересни. Јас не пораснав на тој начин. Создадов профил на Фејсбук дури кога студирав, а вашиот живот ќе биде целосно документиран, па внимателно изберете што ќе споделите со светот.rnrnСоцијалните мрежи се добра алатка за поврзување со луѓе и за размена на идеи. Но, тие може да бидат опасни. Не дозволувајте сè да допре до вас. Направете пауза кога мислите дека ви е потребна. Има многу прекрасни работи што се случуваат околу вас.rn
9. Љубовта ја има во изобилство
rnСе надевам дека вашиот живот ќе биде целосно исполнет со љубов. И сигурна сум дека ќе биде. Јас и вашиот татко ќе ве сакаме секогаш.rnrnКога ќе се заљубите во личноста која самите ќе ја изберете, се надевам дека ќе го отворите своето срце целосно и ќе ја пуштите внатре.rn
10. Љубезноста е одговор
rnКога не сте сигурни, бидете љубезни. Секогаш однесувајте со љубезно, дури и кога другите се однесуваат поинаку.rn
11. Сè ве чека
rnКупете поскапа маскара, патувајте, гледајте ги луѓето во очи, не срамете се кога танцувате, читајте книги, сонувајте, дарувајте крв, простете, одете на концерти, бидете корисни, работете напорно, заземете став кога тоа е потребно, бидете ентузијасти. Имате еден живот. Извлечете го максимумот.rnrnСо љубов,rnrnМамаrnrn[/message_box]rnrnПрочитајте го и ова отворено писмо за љубовта на една мајка до својата идна ќерка.rnrn