Како да направите мебел од стари гуми за вашиот двор?
Следниот пат кога ќе видите стара гума искористете ја за да направите мебел за вашиот двор. Ако сте креативни и сакате да го направите вашиот двор удобно место за уживање, тогаш сè што ви треба се стари гуми и јаже од коноп.
За да направите маса, потребна ви е една гума пресечена на половина на која ќе биде поставена друга гума. За да изгледа поубаво можете да ја обвиткате во јаже од коноп. За горниот дел на масата можете да побарате некој дел од друга стара маса или бидете креативни и покријте ја гумата со што сакате или што имате. Ако сакате да создадете одлично место каде што можете да го пиете вашето кафе или да читате книга, тогаш во гумата можете да ставите перничиња.
Прочитајте и како сами да направите маска.