За да може сите да останат здрави и да може да излезат без страв, решивме да ви покажеме како сами да направите хигиенска маска од импровизирани материјали.rnrn
rnrnНие ќе ви покажеме два начина така што секој може да избере тип на маска која му е полесно да ја направи и поудобно да ја носи.rn
1. Едноставна маска од ткаенина
rnЗа да ја направите може да користите каква било чиста и рамна ткаенина, како што е пелена или чаршав, со димензии 50 на 30 сантиметри (35 см ако имате големо лице). Покрај тоа, ќе ви требаат конец, игла и ножици, ластик или ленти за врзување.rnrn
rnrnПреклопете ја ткаенината на половина должина, свртете ја навнатре и зашијте го работ.rnrn
rnrnПотоа превртете ја ткаенината од обратната страна и свиткајте ја така што работ ќе се најде во средината на платното.rnrn
rnrnПотоа, преклопете ја ткаенината по широчина, со работ кон надвор и сошијте ги краевите еден со друг.rnrn
rnrnПреклопете повторно така што работ да се најде во средината на платното.rnrnКако што можете да видите, сите шевови сега се внатре, така што нема да ви пречат додека ја носите маската. Сега можете да ја испеглате маската.rnrn
rnrnПоминете ги врвките помеѓу слоевите ткаенината и продолжете по надолжните рабови – така што врвките се движат слободно нагоре и надолу во нивните канали, но остануваат на краевите на маската.rnrn
rnrn
rnrnПрво проверете која должина на врвка ви е потребна.rnrn
rnrnДури и маска за еднократна употреба може да се носи до три часа, а ако сте во толпа, не подолго од еден час. Но, ако направите неколку маски како оваа, можете да ги носите во текот на денот, да ги исперете и испеглате дома, а потоа повторно да ги користите следниот ден.rn
2. Шиена маска од ткаенина
rnКорисна и елегантна верзија од маска. Неопрен или други видови дебели ткаенини најдобро одговараат за нејзино производство. Исто така, ќе ви треба игла и конец за шиење, и за кроење – хартија, линијар, молив или фломастер.rnrnПрецртајте или испечатете го кројот на маската од шемата подолу.rnrn
rnrn
rnrnИсечете ја шемата и пренсете ја двапати на ткаенината за да добиете две идентични парчиња материјал.rnrn
rnrn
rnrnЗашијте ги парчињата по заоблената линија, наспроти отворите за уво. Прво, шијте ги со ситен бод, потоа ланчан или некој друг цврст бод за шиење за да ги осигурате рабовите. Шиењето треба да биде на надворешната страна од маската, за да не ве повредува додека ја носите.rnrn
rnrnИ на крај, ставете неколку слоеви газа на внатрешната страна на маската и менувајте ги по секое носење.rnrn
rnrnТаквата маска подобро одговара на лицето, но може да се користи само 2-3 часа, по што треба да се промени. Исперете ја и испеглајте ја пред да ја користите повторно.rnrn
rnrnМожеби сакате да прочитате и која храна ќе ви помогне во зајакнувањето на имунитетот за време на коронавирусот.