КАФЕ ПАУЗА

10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

Written by

in

,

Диетите може да бидат многу тешки, одземаат многу време и веројатно многу почесто се чувствувате гладни. Но, постојат одредени трикови што може да ви помогнат да ја контролирате желбата за храна во текот на денот.rn

1. Јадете повеќе зачинета храна

rn10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладниrnrnПосипете малку лут зачин на вашата омилена храна или исечкајте пиперки. Ова е многу едноставен трик што го засилува вкусот на храната и ви помага да го намалите чувството на глад. Консумирањето црвена пиперка може да ви помогне да го контролирате апетитот и да согорите повеќе калории по оброкот, особено ако не консумирате зачини редовно.rn

2. Пијте од висока чаша

rn10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладниrnrnПијалаците што содржат шеќер не се препорачуваат кога сте на диета. Но, ако не сакате да се откажете од вашиот омилен пијалак, тогаш пијте од помали, повисоки чаши бидејќи така ќе се чувствувате како да сте пиеле повеќе. Додајте неколку коцки мраз за чашата да изгледа уште повеќе полна.rn

3. Уживајте во нането

rn10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладниrnrnМирисот и вкусот на нането може да ви помогнат во намалувањето на вишокот килограми бидејќи тоа ќе ви помогне во борбата против желбата за храна што може да ја имате во текот на денот. За да го намалите претераното консумирање грицки, купете свеќа со мирис на нане или консумирајте вкусен чај од нане во текот на денот.rn

4. Јадете со недоминантната рака

rn10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладниrnrnМожеби е предизвик, но јадењето со „погрешната“ рака ќе ве натера да јадете побавно, а со тоа ќе го намалите гладот и ќе го зголемите нивото на задоволство помеѓу оброците.rn

5. Купете чинии во боја

rn10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладниrnrnЕдно истражување сугерира дека контрастот на боите помеѓу вашата храна и чинијата е клучен за да јадете помалку. И покрај тоа што причината сè уште не е јасна, некои истражувања откриле дека луѓето што јадат од црвени чинии јадат помалку, независно од бојата на храната.rn

6. Купете помали чинии

rn10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладниrnrnАко ставате премногу храна во чинијата, голема е веројатноста дека ќе се прејадете. Според истражувањето, дури и експертите за исхрана служеле 31% повеќе храна во големите чинии, без да бидат свесни за тоа. Очигледно, внесената количина храна зависи од чинијата од којашто јадете. Затоа, подобро е да купите уште неколку мали чинии.rn

7. Завршете го оброкот со нов вид слатко задоволство

rn10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладниrnrnСите луѓе сакаат благо и не можат да го дочекаат десертот. Но, десертите не се вклопуваат премногу во диетата, па обидете се да се засладите на поинаков начин, на пример со чаша сладок чај по вечерата.rn

8. Започнете го секој оброк со чаша вода

rn10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладниrnrnСимптоми на дехидрираност може да бидат оние што предизвикуваат кркорење на цревата наместо вистинскиот глад. Консумирањето многу вода и чај од билки ќе ви помогне да се чувствувате сити во текот на денот. Можете да пиете вода колку сакате без да се грижите за калориите.rn

9. Додајте зеленчук во вашите оброци

rn10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладниrnrnЛесен начин за намалување на калориите е да ги пополните оброците со многу зеленчук. Наместо да ја наполните целата чинија со месо, потрудете се барем едната половина да ја наполните со зеленчук.rn

10. Ставете ги јаглехидратите на врвот наместо на основата

rn10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладниrnrnЗрнестите производи го зголемуваат нивото на шеќер во крвта по оброкот, што доведува до зголемување на телесната тежина. Затоа, размислете повторно за начинот на кој ги користите. На пример, наместо да го започнете денот со гранола, наполнете ја чашата со јогурт и потоа посипете само мала количина гранола на врвот.rnrnПогледнете ги овие 5 едноставни чекори за целосно исфрлање на глутенот од исхраната.