КАФЕ ПАУЗА

Трикови што навистина можат да ги подобрат вашите телесни функции

Трикови што навистина можат да ги подобрат вашите телесни функции

Според науката, умот има прилично големо влијание врз физичкото здравје. Телото и умот се многу поврзани и е навистина неверојатно како различните процеси во организмот може лесно да се контролираат и да се активираат. Овие неколку трикови ќе ви помогнат во тоа.rnrnТрикови што навистина можат да ги подобрат вашите телесни функцииrn

1. Користете ја вашата недоминантна рака за да јадете помалку

rnАко сакате грицки и понекогаш не можете да го контролирате внесот на нездрава храна, постои одличен начин како да го направите тоа. Истражувачите тврдат дека помалку ќе јадете ако ја користите недоминантната рака додека јадете.rn

2. Ако имате забоболка, нанесете мраз на раката

rnОва може да звучи прилично неверојатно, но истражувањата покажаа дека масажата со мраз на подрачјето помеѓу палецот и показалецот од страната каде што се наоѓа болниот заб во голема мера ќе ја намали болката што ја чувствувате.rn

3. Преспијте по учењето за подобро да ги запомните фактите

rnЕден експеримент покажа дека овој метод навистина функционира. Ако заспиете веднаш откако ќе научите нешто ново, ќе го запомните материјалот многу подобро отколку ако останете будни долго време по учењето.rn

4. Џвакајте гума за џвакање за подобра концентрација

rnИстражувачите сугерираат дека гумата за џвакање ќе ви помогне да бидете повеќе фокусирани на задачите за кои ви е потребна постојана концентрација, како што е читањето.rn

5. Моливот во устата може да ви го подобри расположението

rnАко сте под стрес или во лошо расположение, ставете молив во устата. Едно психолошко истражување покажало дека држењето молив во устата ќе ве поттикне да оформите насмевка со усните и автоматски ќе бидете посреќни.rn

6. Запишете ги своите емоции пред испитот за да постигнете подобар резултат

rnИстражувачите од Универзитетот во Чикаго веруваат дека овој трик навистина функционира. За да добиете подобра оценка, запишете ги чувствата што ги имате пред испитот.rn

7. Слушајте со десното уво за да слушнете подобро

rnСекојдневната врева и постојаните прекини навистина може да влијаат на вашата способност целосно да разберете што слушате. Сепак, истражувањето открива дека и децата и возрасните подобро слушаат со десното уво.rnrnПрочитајте ги овие 15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации.