Какви последици ќе остави пандемијата на коронавирусот врз вашиот менструален циклус?

Какви последици ќе остави пандемијата на коронавирусот врз вашиот менструален циклус?

Оваа пандемија предизвика поголем стрес од кога било досега, дури и ако не сте свесни за тоа. Овој постојан стрес може да влијае и врз вашето физичко здравје.

Какви последици ќе остави пандемијата на коронавирусот врз вашиот менструален циклус?

Меѓу другото, може негативно да влијае и на вашиот менструален циклус, да доведе до нередовна менструација и многу други несакани ефекти. Се разбира, промените може да бидат различни – предвремена менструација, болка и промени во интензитетот на крварење.

Прекумерното ослободување кортизол, хормонот на стрес, може да го наруши нормалното ниво на репродуктивните хормони што може да доведе до абнормална овулација која може да го наруши вашиот циклус.

Стресот може да предизвика неправилности, болка, па дури и целосно да го запре циклусот. Познато е дека аменореата (отсуство на менструација) се случува кога некој доживува траума. Секојдневниот стрес може да влијае и на тоа колку долго трае вашиот циклус.

Но, важно е да се потенцира дека виновникот за промените во вашиот менструален циклус не е самиот коронавирус или самоизолацијата, туку стресот.

Покрај тоа, жените истакнаа дека сега почесто се соочуваат со дисменореја – болна менструација и се верува дека еден од главните предизвикувачи во моментов е стресот предизвикан од пандемијата.

Дури и ако сè уште не сте почувствувале некоја од овие промени во менструалниот циклус, сепак постои шанса да ги почувствувате затоа што ефектите од стресот најчесто се забележуваат во подоцнежните циклуси.

Прочитајте што ќе биде со прегратките по завршувањето на пандемијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар